Потиснувањето на лошите мисли може да биде добро за менталното здравје


Луѓето кои имаат негативни мисли и искуства понекогаш е подобро да ги потиснат отколку да се отворат, според истражувањето на научниците од Универзитетот Кембриџ. Тимот смета дека нивното истражување може да го побие вообичаеното верување дека ставањето на работите под тепих и продолжувањето понатаму е лошо за нашето ментално здравје. Научниците работеа со 120 волонтери […]

Половина Скопје в недела без струја


Регионалниот центар за управување со кризи, утрово информираше дека од страна на ЕВН Македонија за утре планирани се технички зафати на главниот далековод од ТС 400/110 КV Скопје 4 до ТС 110/35/10 КV Југ Нова. Поради тоа утре во периодот од 04.00 до 19.00 часот, ќе има краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците […]

Есен отстранува споменик на кардинал обвинет за сексуално злоставување


 Бискупијата на германскиот град Есен соопшти дека ќе го отстрани споменикот на починатиот кардинал Франц Хенгсбах, обвинет за злоупотреба на малолетници, и ќе го замени со меморијал на жртви на сексуално насилство. Хенгсбах беше католички кардинал кој почина во 1991 година. Тој беше обвинет, меѓу другото, за наводно злоставување на шеснаесетгодишно девојче во 1954 година […]

Тринаесетто издание на фестивалот „Здраво млади“ во Скопје


Тринаесетто издание на фестивалот на нова музика, „Здраво млади“, кој повторно го носи свежиот звук на светската музика во Скопје, ќе почне вечер во 20 часот, соопштија од Младинскиот културен центар (МКЦ). – На пет бини во МКЦ ќе настапат повеќе од 20 артисти од 11 земји од Европа. Како и секоја година, програмата на […]

Моравјецки му порача на Зеленски да не ги навредува Полјаците


Полскиот премиер Матеуш Моравјецки синоќа му порача на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не ги навредува Полјаците, продолжувајќи со својата остра реторика кон Киев откако полскиот претседател се обиде да ги намали тензиите поради спорот околу увозот на жито. Минатата недела Полска одлучи да ја продолжи забраната за увоз на украинско жито, загрозувајќи ги односите […]

Најмалку пет жртви во експлозија во фабрика во Тајван


Најмалку пет лица, вклучувајќи пожарникари и работници, загинаа, а повеќе од 100 луѓе се повредени во експлозија во фабрика во јужен Тајван, соопштија денеска локалните власти. Несреќата се случила доцна синоќа во фабриката на производителот на топчиња за голф, Launch Technologies Co, лоцирана во округот Пингтунг. Операциите за пребарување и спасување продолжија во текот на […]

Бројот на возила на патиштата се зголемува, се увезуваат повеќе половни и дизел автомобили


Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во нашата земја, а бројот на возила на патиштата од година во година расте. Минатата година на патиштата низ нашата земја имало 483 илјади автомобили или по 263 на 1 000 жители, што е раст од 80 проценти за десет години, од 146 возила на 1 000 […]

ЦУК: Вчера пожарникарите интервенирале на 33 пожари, активни се уште два


  Во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 33 пожари. Според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, изгаснале 31 пожар, а два пожари утрово сѐ уште се водат како активни и се во тек активностите за нивното контролирање, локализирање […]

Сончево и многу топло со мала доумерена облачност


Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека денеска нѐ очекува сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Во Скопје денеска сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер. Според УХМР утре нѐ очекува променливо облачно, на повеќе места, […]

Штрајкот во американската автомобилска индустрија се прошири во 20 сојузни држави


Американскиот синдикат на работници во автомобилската индустрија Обединетите авто работници (United Auto Workers-УАВ), денеска го проширија штрајкот против големите производители на автомобили во 38 погони во 20 американски држави. Работниците ја напуштија работата во 38 дистрибутивни центри на Џенерал Моторс и Стелантис. На штрајкот се приклучија уште 5.600 работници, покрај 13.000 членови на синдикатот кои […]

Тешко повредена девојка од Тетово во судир на мопед и автомобил


Дваесет и четиригодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна незгода што попладнево се случила околу 17:30 часот. -Се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки управувано од Љ.Х (21) од тетовска Стримница и мопед, исто така, со тетовски ознаки што го управувала 24-годишната тетовка Е.З. Во […]

Почина поранешниот претседател на Италија Џорџо Наполитано


Џорџо Наполитано, претседател на Италија во два мандати и еден од најугледните италијански политичари, почина денеска на 98-годишна возраст. Наполитано почина во болница во Рим, а неговата здравствена состојба веќе извесно време беше критична, пренесува АНСА. Роден е во Неапол на 25 јуни 1925 година, а дипломирал право на Универзитетот во Неапол во 1947 година. […]

Роботот ќе пребарува во запалени објекти за да најде луѓе – побрз е од пожарникарите


Борбата со пожари и спасувањето на луѓето од овие ситуации е секогаш опасна задача, без разлика дали се работи за палење згради или шумски пожари. Сепак, пожарникарите добиваат вредна помош. Одредени компании и тимови од научници работат на развој на роботи кои ќе можат да пребаруваат запалени згради пред да влезат пожарникарите, а меѓу овие […]

Во Тирана загрижувачка појавата меѓу младите кои консумираат азотен оксид во балон


Користењето азотен оксид од балон станува загрижувачка појава меѓу младите во Тирана, јави Топ чанел. Поради тоа многу набрзо опасните балони со азотен оксид, кои слободно се продаваат по кафулиња и ресторани во Тирана ќе бидат забранети со закон. Ова го најави министерот за внатрешни работи Таулант Бала, додавајќи дека станува збор за недозволиво средство […]

Решение за лошиот здив од лукот


Многу луѓе се свесни за здравите својства на лукот, но и покрај тоа избегнуваат да го јадат поради лошиот здив после јадење. Сепак, научниците открија решение. Јогуртот може да го има клучот за борба против здивот од лук, сугерира студијата. Обичниот јогурт од полномасно млеко спречува 99% од хемикалиите одговорни за најопасниот понгови од лук […]

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово


Директорот на српската Канцеларија за Косово, Петар Петковиќ, изјави дека во текот на ноќта во Поморавље биле фрлени три бомби врз куќи на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и принудат да ги напуштат своите домови. Петковиќ обвини дека целта е етничко чистење на Србите, кое Курти, како што вели, […]

Скопјанец во обид да нападне лекар во Градска болница оштетил биро и компјутер


МВР информира дека рано утринава во 03.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.К.(27) од Скопје затоа што околу 01.10 часот во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се обидел физички да нападне лекар кој бил на работното место, а оштетил едно работо биро и компјутер. Лицето било задржано во полициска […]

Утврден бројот на европратеници од секоја членка на ЕУ за следниот состав на ЕП


Европскиот совет денеска донесе одлука за бројот на пратеници до секоја земја членка на ЕУ кои треба да бидат избрани во Европскиот парламент за парламентарниот состав од 2024 до 2029 година. Согласно оваа одлука, како што соопшти Европскиот совет, во следниот Европарламент ќе има 720 пратеници при што двајца европратеници повеќе од досега ќе имаат […]

Скопјанец нападнал вработен во казино во Аеродром


Денеска во 04.20 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го привеле Д.С.(31) од Скопје затоа што околу 03.17 часот во казино на подрачје на Аеродром физички нападнал вработен како обезбедување. Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Изгаснат пожарот на Сува Гора каде гореше борова шума


По околу шест часа изгаснат е пожарот во борова шума на планината Сува Гора во атарот на село Милетино во општина Брвеница. Пожарот, како што информираа од Центарот за управување со кризи, е изгаснат околу 17 часот. Интервенцијата за гаснење почна од 11 часот од страна на тетовските пожарникари и на три противпожарни авиони „ер-трактор“ […]