Сончево и многу топло со мала доумерена облачност


Фото: Б. Грданоски

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека денеска нѐ очекува сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје денеска сончево и многу топло со мала облачност и со умерен југоисточен ветер.

Според УХМР утре нѐ очекува променливо облачно, на повеќе места, особено попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Локално процесите ќе бидат и во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината со услови за појава на невреме“, соопштија од УХМР.