„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски избран за Европските филмски награди


 Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат годинашната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Избрани се 19 играни филмови, а во […]

Шакира обвинета во Шпанија за затајување данок од над шест милиони евра


Шпанските даночни власти покренаа обвинение против Шакира за затајување данок во вредност од над шест милиони евра. Како што пренесуваат западните медиуми, поп-пејачката наводно должи околу 6,7 милиони евра данок на нејзиниот приход во 2018 година. Притоа, користена била офшор-компанија со седиште во друга земја за да се избегне плаќањето данок во Шпанија. По разгледувањето […]

Погребан Матео Месина Денаро, „последниот кум“ на сицилијанската мафија


Шефот на сицилијанската мафијашка Матео Месина Денаро, кој некогаш тврдеше дека убил доволно луѓе за да наполни гробишта, денеска беше погребан во неговиот роден град Кастелветрано на Сицилија, а на погребот беа неколку членови на семејството на кои им беше дозволено да присуствуваат. Месина Денаро беше уапсен во јануари оваа година по три децении бегство […]

Истражување со суперкомпјутер предвиде крај за животот на земјата


„Тројниот удар“ на CO2, сонцето и новиот мега континент може да ја направат Земјата непогодна за живеење, открива нова студија. Луѓето би можеле да бидат избришани со формирање на „суперконтинент“ во следните 250 милиони години, покажува новото истражување. Истражувањето, објавено во научното списание Nature Geoscience, ги нуди првите климатски модели на суперкомпјутер од далечната иднина. Тој […]

Србија го прашува КФОР: Кој и дозволил на косовската полиција да биде на северот на Косово?


Србија е разочарана од реакцијата на КФОР, изјави српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ и оцени дека „многумина избрзуваат со заклучоци“ за она што се случи во неделата во селото Бањска на Косово. Тој за Радио телевизија на Србија додаде дека она што се знае е дека има мртви, ранети, уапсени и оти сега треба […]

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од 2 отсто


Северна Македонија годинава ќе забележи раст на Бруто домашниот производ (БДП) од 2 отсто, а во 2024 од 3 проценти, прогнозира Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за состојбата на економиите во регионот што го покрива. – Растот на БДП веројатно ќе остане скромен во 2023 година од околу 2 отсто, […]

Словенија воведува полициски контролни пунктови во близина на границата со Хрватска


 Словенија одлучи да воведе полициски контролни пунктови на својата територија во непосредна близина на граничните премини, вклучително и на границата со Хрватска. Шенгенскиот режим останува на сила, а без никаква контрола и понатаму ќе може да се минуваат поранешните гранични премини, но на територијата на Словенија ќе има полициски контролни пунктови каде полицијата ќе проверува […]

Објавен проспектот за зелените обврзници, каматата е 4,75 отсто, аукцијата ќе биде на 3 октомври


 Министерството за финансии денеска го објави Проспeктот за првата емисија на зелени обврзници, нов инструмент на домашниот пазар на капитал.  Првата емисија на зелената обврзница е во износ од 10 милиони евра, а аукцијата ќе се одржи на 3 октомври годинава. Граѓаните и правните лица кои се заинтересирани да учествуваат на аукцијата може да поднесат […]

Министрите на ЕУ два дена ќе го разгледуваат предлогот за реформи и проширувањето


  Министрите за европски прашања на ЕУ денеска пристигнуваат во јужниот шпански град Мурсија каде на дводневен неформален состанок треба да расправаат за тоа како Унијата ќе треба да се промени за да се направи простор за новите членки – земјите од Западен Балкан, Молдавија и Украина. Нивните средби почнуваат денеска со вечера. Утре наутро […]

Имаме висока усогласеност за интеграција во европската платна инфраструктура, вели вицегувернерката Митреска


Намалување на трошоците и подобрување на ефикасноста на плаќањата, олеснување на прекуграничната трговија и инвестициите, се само дел од многукратните придобивки од Единствената европска платежна област (СЕПА), беше оценето на панел-дискусијата посветена на интеграцијата на регионалните платни системи за олеснување на трговијата и подготовка на земјите од Западен Балкан за евентуална интеграција во еврозоната, во […]

Националната мрежа против насилство врз жени бара најстрога казна за убиецот од Кочани


  Најстрога казна за сторителот на убиството во Кочани, кое се случи пред два дена, кога маж со 40 убоди со нож ја уби својата поранешна партнерка, бара Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство. Оттаму, потсетуваат и на двојно убиство во Куманово, кога сопруг си ја убил својата сопруга и нејзината мајка, […]

Пендаровски: Бавната евроинтеграција е закана за демократијата на Балканот


Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на конференцијата на началници на генералштабови на земјите членки и набљудувачи на САД-Јадранската повелба, што се одржува во Скопје.   „Ако се навратиме низ историјата, Јадранската повелба, започна како формат на соработка меѓу тогашните членки на Партнерство за мир, Албанија, Македонија и Хрватска, во мај 2003 година, […]

Прометот на Берзата на ниво од пред 2018 година, но котираните компании се држат добро со добивка од 162 милиони евра


Намлен берзански промет, но и добри деловни резултати на котираните компании, како и бројни фактори кои влијаеа врз расположението на инвеститорите, го одбележаа работењето на Македонската берза во изминатата година. Денес во Охрид, на 22. Годишна конференција на Македонската берза, учесниците на собирот се фокусираа на изнаоѓање можности за заживување на пазарот на капитал, како […]

Ковид го затвори аеродромот „Гетвик“


Лондонскиот аеродром Гетвик е затворен, откако меѓу вработените во контролата на летање се прошири ковид-19. Тоа предизвика хаос во воздужниот сообраќај во Велика Британија. „ 30% од персоналот во одделот за контрола на летање се болни поради различни причини, вклучително и ковид-19“, соопшти аеродромот. Медиумите објавија дека на  25.000 патници им е откажано патувањето бидејќи […]

И Борисов се премисли, денот на Санстефанска Бугарија ќе остане државен празник


  ГЕРБ нема да го поддржи предлогот за промена на датумот на националниот празник од 3 март на 24 мај. Ова беше разбрано од изјавата на лидерот на партијата Бојко Борисов во собранието. Тој додаде дека причината за промената на ставот е тоа што празниците во Бугарија „не треба да се напаѓаат“ бидејќи „3 март, […]

Ќе се присоедини ли Стопанска банка Битола кон Комерцијална банка?


Во две независни соопштенија објавени на Македонската берза како ценовно чувствителни информации Комерцијална банка и Стопанска банка Битола најавија дека е можно присоединување на битолската банка кон водечката банка во земјава. Двете соопштенија се инаку идентични и во нив се вели дека станува збор за првични контакти, а не и за било каква одлука. „Комерцијална […]

„ЏП Морган“ ќе исплати оштета на Американските Девствени Острови поради случајот Епстин


 „Џеј Пи Морган Чејс“, најголемата банка во САД, постигна спогодба со Американски Девствени Острови во судски процес во кој банката е тужена за овозможување сексуална експлоатација на луѓе на оваа карипска територија на САД која со ова добива 75 милиони долари оштета. Покрај исплатата на оваа сума спогодбата вклучува и „значајни заложби“ на „Џеј Пи […]

МОН: 60 проценти од студентите ги подигнале платежните картички за субвенциониран студентски оброк


Согласно информациите од „Шпаркасе Банка“, партнер на Министерството за образование и наука во реализација на мерката субвенциониран студентски оброк, досега околу 60 проценти од студентите кои ги исполниле условите, ја подигнале наменската платежна картичка преку која можат да се користат средствата за оваа намена. Министерството за образование и наука упатува апел до сите останати студенти […]

Речиси 30.000 луѓе досега избегаа од Нагорно-Карабах во Ерменија


Речиси 30.000 луѓе досега избегале од Нагорно Карабах во Ерменија, што е четвртина од населението на енклавата што Азербејџан ја зазеде минатата недела, јави Би-Би-Си. На еден од патиштата што водат кон Ерменија се формирала колона од стотици автомобили. Азербејџан соопшти дека жителите ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер тврди дека почнало „етничко чистење“. Најмалку […]

Шест млади тужат 32 земји поради климатските промени


Шест млади од Португалија поднеле тужби против 32 земји поради климатските промени до Европскиот суд за човекови права, објавија локалните медиуми. „Почувствував страв. Пожарите навистина ме загрижија и ме натераа да се прашувам каква иднина ќе имам“, вели Клаудија Дуарте Агостињо додека се сеќава на екстремниот топлотен бран и пожарите што ја зафатија Португалија во […]