27 септември во историјата – Основан е језуитскиот ред


  Во Рим, Друштвото на Исус — римокатоличка мисионерска организација — ја добива својата повелба од папата Павле III. Језуитскиот ред одигра важна улога во контрареформацијата и на крајот успеа да преобрати милиони луѓе ширум светот во католицизам. Језуитското движење било основано од Игнациус де Лојола, шпански војник кој станал свештеник, во август 1534 година. […]

Ковачевски не споделува информации за протераниот руски свештеник


Не може да се споделуваат јавно информации од безбедносно – разузнувачки карактер, вели премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали е запознаен со изјавата на бугарскиот министер Асен Василев дека колегите разузнавачи од Северна Македонија им дале информации дека руски свештеник врбувал македонски државјани. -Не сум ја видел изјавата на бугарскиот министер, меѓутоа сите тие […]

Опозицијата не прави ништо освен што блокира, вели Ковачевски


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска коментирајќи ја најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека ќе го блокираат со амандмани законот за амнестија, изјави дека блокадата е стратегија на опозицијата, која постојано ја применува и додаде дека утре во 12 часот министерот за правда ќе има брифинг со медиумите, на кој детално ќе го образложи […]

МВР демантира дека не реагирало за двете убиени жени


Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од граѓански здруженија дека полицијата наводно не постапила по пријавите на жените кои беа убиени во Кочани и Куманово. -Напротив, од страна на МВР е постапено по секоја пријава. Во врска со случајот во Куманово, од страна на СВР Куманово редовно се преземани мерки и активности и […]

„Тепачка“ кој да организира онлајн игри на среќа


Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) реагира денес на објавата на Државната лотарија на Македонија дека започнала постапка за основање на трговски друштва за интернет игри на среќа. -Изразуваме силен револт во однос на вчерашната медиумска објава на Државната лотарија на Македонија, во која се информира за започнување на постапка за основање на трговски друштва за […]

Најмногу преставки за политичка дискриминација во работните односи


Од 400 преставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најголемиот број се за политичката дискриминацијата во работните односи. Граѓаните се охрабруваат да пријават, а најголемиот број се годинава. Ова беше речено на денешната средба со граѓани што се одржа во градската библиотека „Борка Талески во Прилеп, а е дел од активностите низ општините […]

ВМРО-ДПМНЕ со амандмани ќе го блокира законот за амнестија


ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира со амандмани законот за амнестија кој е поднесен во Собранието, бидејќи намерата на власта со овој закон, како што се оценува, е да се ослободат криминалци кои служат затворски казни. „Да, ние ќе го блокираме, тука не треба да има никаква дилема. Ова не е закон со европско знаменце како што […]

Уставниот суд го поништи Упатството за матични книги на Лога


  Уставниот суд на денешната седница донесе oдлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени […]

На ИФФК „Браќа Манаки“ претставен кинематограферот Франц Лустиг


 Германскиот кинематографер Франц Лустиг, директор на фотографија во филмот „Соврешени денови“, на прес конференција во Битола изјави дека целиот филм го снимил со камера од рака. Според Лустиг, снимањето со статична камера по малку го губи контактот со актерите, додека со камера од рака успеал да ги направи најубавите слики во филмот кои се гледаат […]

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ за 2023 година


Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер ќе биде одржан централниот настан од шестото издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ на кој ќе бидат доделени годинашните награди. Присутните посетители ќе имаат можност да проследат видео материјали со кус рецитал на академик Анте Поповски, како и снимки од негови […]

Приштина тврди дека еден од убиените Срби бил телохранител на Вулин


Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља, објави дека еден од тројцата вооружени српски напаѓачи, убиени во неделата во акцијата на косовската полиција во Бањска кај Звечан, е телохранител на шефот на Агенцијата за разузнавање во Србија (БИА), Александар Вулин.На неговата страница на Фејсбук, Свечља објави слика од убиениот Бојан Мијаиловиќ, за кого тврди […]

Потребно е да се зголеми конкурентноста на агросекторот, порачуваат од Стопанската комора


Стопанската комората денеска побара да се искористат сите начини и да се обезбедат средства за зголемување на конкурентноста на агросекторот во државата.  На прес-конференцијата посветена на „Земјоделско-прехранбениот сектор и ЕУ интегративните процеси“ беше посочено дека треба да се искористи сегашниот период, да се преструктурира земјоделско прехранбениот сектор, да се искористат фондовите, да се вложи во […]

Чудо во Словенија: Цените на храната масовно паѓаат, некои и за 50 отсто


  Откако цените на храната дивееја во Словенија во првата половина од годинава, порталот „Журнал24“ пишува дека трговците почнале да ги намалуваат цените на храната, а одредени категории доживеале попуст до 50 отсто. Новинарите од порталот разговарале со шест големи трговци кои имаат синџири на продавници кои работат во Словенија за да проверат кои артикли […]

Вработените во јавните обвинителства во земјава од денеска стапуваат во штрајк


Вработените во јавните обвинителства од денеска стапуваат во штрајк, соопшти генералниот секретар на Синдикатот на УПОЗ, Бојан Трипуноски, од пред Основното јавно обвинителство – Скопје. Барањата на вработените во обвинителствата се зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто. Штрајкот ќе се одвива пред зградите на […]

ЕУ и Азербејџан: Време е да се кажат тешки зборови


Настаните од минатата недела предизвикуваат дебата за потребата од длабоко ресетирање на политиката на Европа кон Азербејџан. На 19 септември, Азербејџан употреби воена сила за да ја врати територијата Нагорни Карабах населена со Ерменци, преминувајќи ја црвената линија што за него ја нацртаа  Европската унија и САД.Последиците се катаклизмични. Евентуалните жртви ќе изнесуваат стотици, а […]

Ковачевски-Викерс: Македонско-британските трговски односи се пример за регионот


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска имаше средба со Мартин Викерс, специјален пратеник за трговија за Западен Балкан на премиерот на Обединетото Кралство. -На средбата се разговараше за севупните македонско-британски односи, кои беа заеднички оценети како исклучително цврсти, долгорочни и сеопфатни, а  посебен фокус беше ставен на билатералната економска и трговска […]

Годинава поголем број на туристи и зголемен девизен прилив


Годинава се бележи зголемен број на туристи, особено на странски, а очекувањата се дека ќе биде надмината бројката од 2019 година. Се очекува да биде остварен поголем девизен прилив од туризмот и угостителството.   Статистички гледано во периодот од јануари до јули во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 25,33 проценти […]

Дури 36 отсто од момчињата и три проценти од девојчињата на 15-годишна возраст имале сексуален однос


Дури 36 отсто од момчињата и три проценти од девојчињата на 15-годишна возраст имале сексуално искуство. Стапката на тинејџерска бременост кај нас е речиси трипати повисока од просекот на Европската Унија, покажуваат податоците што денеска ги објавија Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и ХЕРА – асоцијација за здравствена едукација и истражување по повод […]

Пукање во Ѓорче Петров, застрелано едно лице


Полицијата информира дека синоќа се случил вооружен напад во скопската населба Ѓорче Петров. Според МВР, 47 минути после полноќ, во полициска станица било пријавено дека две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“. А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ […]

Дури 40 отсто од странските туристи во ЕУ лани престојувале во Шпанија или Италија


Најголем број ноќевања на странски туристи во текот на 2022 година меѓу земјите членки на ЕУ бележи Шпанија и тоа 270 милиони, по што следува Италија со 201 милион ноќевања, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат по повод Светскиот ден на туризмот – 27 септември. Во овие две земји биле остварени дури 40 проценти […]