Пукање во Ѓорче Петров, застрелано едно лице


Полицијата информира дека синоќа се случил вооружен напад во скопската населба Ѓорче Петров.

Според МВР, 47 минути после полноќ, во полициска станица било пријавено дека две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана.

Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“. А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.