Најмногу преставки за политичка дискриминација во работните односи


Од 400 преставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најголемиот број се за политичката дискриминацијата во работните односи. Граѓаните се охрабруваат да пријават, а најголемиот број се годинава.

Ова беше речено на денешната средба со граѓани што се одржа во градската библиотека „Борка Талески во Прилеп, а е дел од активностите низ општините бидејќи Комисијата нема канцеларии надвор од седиштето во Скопје.

-Најзастапениот вид дискриминација, оттука и преставките на граѓаните се однесувата на работниот однос, потоа по етничка основа, според политичка припадност, тука се и ранливите категории, маргинализирани групи, но најмногу се за политичка дискриминација при работните односи. За волја на вистината голем дел од препораките на Комисијата се спроведуваат, во спротивно поднесуваме прекршочни пријави. Во тој случај, досега имаме пресуди во Куманово на четири наши поднесоци, во Прилеп имаме поднесоци кои не се завршени. Станува збор за три против политичари. Се надеваме дека во блиска иднина ќе биде заокружен тој процес и исход како што очекуваат граѓаните за да се задоволи еднаквоста, изјави Лимко Вејзароски, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Иако имаме Закон за спречување и заштита од дискриминација од 2029 година, на забавување на процесот низ судските лавиринти и на бавното спроведување на Законот реагира и невладината организација „Станица П.Е.Т. од Прилеп која пет години им дава правна помош на граѓаните.

-За дискриминаторски објави во учебници имаме позитивни пресуди и тие учебници се отстранети од употреба. Моментално имаме постапка во втора фаза, по жалба до Апелација за пристап до јавни добра и услуги. Но, тешко оди во судските лавиринти, но ние не се откажуваме од судската постапка, но тешко оди имплементацијата на Законот во судските лавиринти, рече Кристина Здравеска од невладиното здружение „Станица П.Е.Т.“ од Прилеп.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во споредба со државите од регионот имаме поголем напредок, а меѓу другото е што го имаме и Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Во наредниот период продолжуваат средбите со граѓаните во општините.