Повторно гори галијата во Вардар кај „Холидеј ин“


  Се запали галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ во строгиот центар на Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје велат дека во моментов пожарникари со возила одат кон кејот за да интервенираат. Се работи за галијата „Среќа“, која еднаш веќе гореше, а додека градоначалник беше Петре Шилегов, таа почна да […]

1 август во историјата – Колумбо за прв пат стапна во Јужна Америка


  Истражувачот Кристофер Колумбо за првпат стапна на американското копно, на полуостровот Парија во денешна Венецуела. Мислејќи дека е остров, тој го крстил Исла Санта и го присвои за Шпанија. Колумбо е роден во Џенова, Италија, во 1451 година. Малку се знае за неговиот ран живот, но тој работел како морнар, а потоа и претприемач […]

По хаваријата на „Макарија“, земјоделците од Росоман и Градско ќе бидат обесштетени


Земјоделците од регионот на Росоман и Градско кои претрпеа штети од хаваријата до повторното пуштање вода низ на цевководот „Макарија“, ќе бидат обесштетени преку Интервентниот фонд, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Постапката, како што истакна Николовски, ја води општината. Според него, се е направено за да се спаси тековната сезона, […]

Во јули во цела Грција имало 1.470 пожари


  Од 1 до 31 јули имавме вкупно 1.470 пожари од кои десет беа големи и со нив се справивме со големи тешкотии и со голем напор, рече министерот за цивилна заштита на Грција, Василис Кикиљас во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ и најави построги казни за оние кои потпалуваат или подметнуваат пожари, јави дописничката […]

Трет ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња


Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. – Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата […]

Испразнети работни места во здравство ќе се пополнуваат без согласност од Министерството за финансии


Испразнети работни места во здравство ќе се надополнуваат без согласност од Министерството за финансии, најави министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција. – Не ми беше јасно зошто секогаш треба согласност од Министерството за финансии за вработувања во здравство. Некој ќе се пензионира, друг ќе си оди од државата или ќе се префрли во […]

Локална иницијатива од Струмица бара повеќе одговори за рудниците


  Иницијативата „И здравје и работа“ од Струмица не е заговорник за отворање рудници, не не сака ни манипулација. Тиое велат дека не се кријат зад ниту една партија, дека немаат политички амбиции и не се борат за локална власт. Само сакаат долгорочен економски развој на регионот. Според нив, заради агресивноста на неколкумина добро мотивирани […]

Доделени 12 договори на мали дестилерии за неповратни грантови до 300 000 денари


Ова е година на мали производители. Сите програми, целокупната политика на Министерството за земјоделство, беше креирана да ги поддржиме малите производители, оние кои со многу труд и могу љубов ја продолжуваат традицијата и го развиваат наследството од генерациите пред нив. Можеби имаат мал капацитет за производство, но имаат големи планови. Знаат како треба, имаат мотивација […]

ВМРО-ДПМНЕ разгледува 17 кандидати за претседател на државата


  Во пошироката листа на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за претседател на државата за изборите идната година сега се наоѓаат околу 17 лица. Ова го изјави претседателот на партијата Христијан Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа, при што во наредните месеци ќе има скратување на листата. „Ние ги мериме (анкетите), има 17 имиња, […]

Штипските населби во високите зони над 24 часа немаат вода за пиење


Граѓаните во високите зони на Штип немаат вода веќе над 24 часа. Станува збор за населбите Пребег, Баби, Три Чешми, Карорман и индустрискиот дел на градот. Според соопштението на ЈП „Исар“ – Штип, причината што населението од високите зони немаат вода за пиење е тестирање на системот за ултрафилтрација. Граѓаните од населбите во високите зони […]

Донесен е Правилникот за позитивната листа на лекови на товар на Фондот


Донесен е новиот Правилник за ставање лекови на позитивна листа, кој се базира на европските пракси во оваа област вклучувајќи ги тука и посебните договори што ќе овозможат достапност на иновативни лекови за нашите пациенти. Формирана е стручната комисија која го утврдува предлогот на листата на лекови на товар на Фондот за здравство осигурување, информираше […]

Украина го тргна советскиот грб од џиновскиот споменик „Мајка татковина“во Киев (ВИДЕО)


Украина го тргна советскиот грб од најспејктакуларниот споменик во Киев „Мајка татковина“.  Оваа неверојатна статуа е изградена во 1981 година од Евгениј Вучетич. Изработена е од титаниум и тежи 530 тони, а со се основата, нејзината висина достигнува 102 метри. Само споменикот е висок околу 62 метри. Советскиот грб се наоѓаше на штитот кој е […]

Таравари не сака да оди на избори заедно со блокот на Меџити и Касами


  Одметникот од ДУИ, Изет Меџити, и градоначалникот на Тетови, Билал касами, се по потрага по уште еден партнер во нивниот опозициски блок во обид да ги зголемат изгледите на следните избори. Овој двоец, заедно со Африм Гаши од Алтернатива, по напрасното излегување на вториот човек на Беса од партијата (Аријанит Хоџа) се обрати за […]

„Синеплекс“: Две вечери во живо на концерт на Металика од Тексас


„Металика“ во живо од Арлингтон, Тексас, на 19 и 21 август во „Синеплекс“ преку HD сателитски пренос , со тотално различни сетови. Нема да ги чуете истите песни по два пати. Ќе бидат изведени песни од текот на целата нивна 40-годишна кариера. Турнејата М72 ќе вклучи храбар нов дизајн на сцената со што фановите ќе […]

„Море на тишината“ премиерно во Битолскиот театар


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Море на тишината“ чиј режисер е Оља Лозица од Хрватска. „Море на тишината“ е приказна која, како што велат од битолскиот театар, ја има несреќата да биде едноставно вистинита. -Тоа е приказна која е пренесувана со години, децении, векови од уста на уста, […]

Министерот Меџити најави реновирање на повеќе клиники во Скопје


  Психијатриската клиника, клиниката за радиологија, КАРИЛ, се дел од зградите на Клиничкиот центар во Скопје кои ќе бидат реновирани во следниот период, каде се планира и изградба на катни гаражи за да се реши проблемот со паркирањето. Дополнително, тече и постапката за изградба на болницата во Штип, каде беше раскинат договорот, затоа што според […]

„Барби“ и „Опенхајмер“ заработија милијарда долари по само две недели во кината


Во нивниот втор викенд на прикажување, Барби на Грета Гирвиг и Опенхајмер на Кристофер Нолан продолжуваат да објавуваат огромни бројки на глобалниот бокс офис. Во текот на викендот, Барби заработи 93 милиони американски долари на домашниот бокс офис и 122,2 милиони американски долари од меѓународните кина, со што вкупниот износ на масовно продадената слика достигна […]

Џорџа Мелони ја укина социјалната помош за стотици илјади Италијанци


  Социјалната помош за стотици илјади Италијанци од денеска ќе бидат суспендирани поради построгите услови што ги воведе владата на премиерот Џорџија Мелони за примање социјална помош, јави ДПА. Примателите беа известени преку СМС порака во петокот. Според медиумите, околу 169.000 домаќинства се погодени од драстичното намалување на социјалната помош. Набљудувачите забележуваат дека исплатите, познати […]

Ненадејно почина еден од најбогатите Хрвати. Му се слошило на плажа, починал неколку часа подоцна


Ивица Пивац, претседателот на Групацијата „Пивац“, ненадејно почина вчера на 71-годишна возраст, јавија хрватските медиуми. Според „Јутарњи лист“, на Пивац му се слошило околу 17 часот и веднаш бил префрлен во сплитската болница. Тој починал во вечерните часови. Ивица Пивац и неговиот брат Невен во родниот Вргорац се занимавале со преработка и увоз на месо. […]

По големата измама со унгарски пасоши, САД ги заоструваат ограничувањата за патување


  БУДИМПЕШТА – Соединетите Држави во вторникот воведоа нови ограничувања за патување на граѓаните на Унгарија поради загриженоста дека идентитетот на речиси 1 милион странци на кои им биле доделени унгарски пасоши во текот на девет години не биле доволно проверени, според американската амбасада и владин претставник. Ограничувањата се однесуваат на Програмата за укинување на […]