УЕФА ја казни Рома со пет милиони евра поради прекршување на ФФП


Рома ќе и плати на УЕФА околу пет милиони евра казни поради непочитување на финансискиот фер плеј (ФФП). До 30 јуни, Рома успеа да обезбеди околу 26 милиони евра капитални добивки, објави „CalcioMercato“. За да го исполни 100% билансот на состојба, клубот требаше да постигне капитални добивки од нешто повеќе од 28 милиони евра. Поради […]

Со признанието за финансирање на „Вагнер“ Путин стана одговорен за нивните воени злосторства


Неодамнешните коментари на рускиот претседател Владимир Путин за државното финансирање на руската приватна воена компанија „Вагнер“ се „нешто како директен доказ“ дека групата е нелегална воена формација на руската армија, чии припадници учествуваат во војната во Украина, изјави главниот украински обвинител Андриј Костин. Путин минатата недела изјави дека „Вагнер“ и неговиот основач, Евгениј Пригожин, изминатата […]

Франција во 2022 година примила над половина милион бегалци


Во 2022 година Франција примила 547.102 бегалци, соопшти Француската служба за заштита на бегалците и лицата без државјанство. Веќе петта година по ред, авганистанските државјани се најбројните баратели на азил во Франција, со 17.000 од вкупно поднесените 131.000 барања: тренд што дополнително се интензивираше по враќањето на талибанците на власт во летото 2021 година (37 […]

Саакашвили пропаднат до непретпознатливост во затворот во Грузија


Микаил  Саакашвили, поранешниот претседател на Грузија и политички затвореник, буквално умира полека, додека актуелните грузиски власти негираат дека нешто воопшто се случува околу неговата состојба. На Твитер денес беше објавена неговата последна фотографија од судењето на кое тој  учествуваше онлајн и од која се виде дека неговата состојба е застрашувачка, како да служи во Аушвиц […]

(Видео) Родилката што се фрли од прозорец на ГАК е во многу критична состојба


Пациентката е во многу критична состојба, откако вчера во 21.30 часот се фрлила од прозорецот во ходникот на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје, три дена откако се породила со живо машко дете.  Ова го потврди директорката на ГАК, на денешната прес-конференција. Како што појасни оперативниот директор на ГАК, Јетон Шаќири, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, […]

Њукасл го промовира Тонали, стана најскап Италијанец на сите времиња


Њукасл – Премиерлигашот Њукасл денес го промовира своето засилување, играчот од средниот ред на Милан, Сандро Тонали. Договорот на 23-годишниот Италијанец со англискиот клуб е со важност до летото 2028 година. Претходно беше објавено дека Милан ќе добие 70 милиони евра и бонуси од продажбата на Тонали. Фудбалерот од средниот ред е во редовите на Росонерите […]

И натаму без договор за платите во јавниот сектор


Синдикатите и Владата не постигнаа договор околу зголемувањето на платите во јавниот сектор и по денешната седница на Економско – социјалниот совет (ЕСС). Од Владата соопштија дека било договорено да продолжат преговорите во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, додека од синдикатите велат дека нивниот предлог е основа за […]

„Вагнер“ ја прекинува регрутацијата за еден месец


 Руската паравоена група „Вагнер“ на Телеграм објави дека ги „замрзнува“ нови регрутации до следниот месец. „Вагнер“ истакнува дека регрутацијата се одложува сè додека не се дислоцираат борците во Белорусија, каде е во егзил лидерот Евгениј Пригожин, по неуспешниот пуч во Русија. – Согласно досегашното неучество на борците на групата „Вагнер“ во специјалната воена операција и […]

Уметничка прошетка низ Скопје преку изложба- сеќавање на скопскиот земјотрес и на Ацо Шопов


Мотив за размисла и поттик за творците е текстот на македонскиот поет Ацо Шопов, ,,Во пет и седумнаесет”, кој е посветен на земјотресот во Скопје и светската солидарност. Спојот на литературата и ликовната уметност, поезијата и ликовната уметност се во синергија на сетила, емоции и интелект. ДЛУМ преку селекција од кураторот (Дијана Томиќ Радевска), носител […]

Вимблдон ќе го чествува Федерер


Лондон– Вимблдон ќе ги прослави достигнувањата на Роџер Федерер во Ол Ингланд клубот со посебна церемонија на Централниот терен на вториот ден од шампионатот во вторник. Осумкратниот шампион од Швајцарија, кој најави повлекување минатиот септември, ќе го посети местото на некои од неговите најголеми триумфи и ќе му се оддаде почит пред почетокот на играта. […]

Хорор околу контејнерите, „Комунална хигиена“ собра 1.600 кубни метри отпад


Во текот на минатиот месец, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани вкупно 1.600 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот Скопје. Картонски кутии, намештаи, душеци, столици, автомобилски гуми и што уште не беа расфрлени до контејнерите, иако има посебни правила на собирање на кабастиот отпад. Од претпријателието порачуваат дека, нивна основна дејност на претпријатието е […]

Зголемен бројот на работници во индустријата


 Бројот на работниците во индустријата во мај годинава е зголемен за 0,8 отсто во однос на мај лани, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи опаѓање од 2,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,3 […]

Индустријата се разбуди во мај, производството повисоко за 6,1 отсто во однос на лани


Индустриското производство во мај годинава, во однос на мај лани, е зголемено за 6,1 отсто. Во периодот јануари – мај, пак, во споредба со минатата година растот изнесува еден процент, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај […]

Поројни врнежи утре и задутре, за викендот посвежо


УХМР најавува дека утре попладне, претежно во западните делови, како и во среда, на повеќе места, ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од […]

Алиу: Законот за медиуми ќе го направиме врз основа на забелешките и на она што го велат експертите


Се анализираат коментарите, критиките и сугестии по втората фаза од Законот за медиуми (Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги) кои стигнале во голем број до Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).  -Се надевам дека за две недели ќе имаме драфт. Во прашање ни се национални телевизии, локални, оператори… Нема сите да бидат […]

„Феникс“ ги раскара партиите, сите се обвинуваат за криминал


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, испрати низа критики на сметка на ДУИ и претседателот Али Ахмети, прогнозирајќи му дека од партиски лидер ќе заврши како обичен криминалец.  „Раководството на ДУИ не само што ја изгуби својата суштина, туку и поединци од тоа раководство на крајот од политичката кариера ќе бидат запаметени по криминалот и корупција, […]

ДЗС: Во 2022/2023 запишани 4,2 отсто повеќе студенти во споредба со претходната академска година


На високите стручни школи и на факултетите во државава во академската 2022/2023 година се запишале  53 821 студент, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на академската 2021/2022 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.  Според податоците на ДЗС добиени врз основа на пристигнатите извештаи, 57,5 проценти од вкупниот број запишани на додипломски студии […]

Поевтинува дизелот, новите цени на горивата од полноќ


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.06.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР […]

Загина 24-годишен пожарникар додека гаснеше запалени автомобили во Париз


Пожарникар, на возраст од 24 години, загина во неделата вечерта во Сен Дени, северно од Париз, додека гаснеше запалени автомобили во шестата ноќ од улични немири во Франција, изјави во понеделникот францускиот министер за внатрешни работи. Министерот Жералд Дарманин на Твитер објави дека инцидентот се случил во подземна гаража. Пожар избувна во подземната гаража на […]

Северина е нова модна инспирација за регионот


Fashion&Friends, регионален мултибренд концепт, и Северина, една од најголемите музички ѕвезди ворегионот, започнаа интересна модна соработка. Fashion&Friends, кој вклучува повеќе од 30 од најпознатите светски модни имиња на едно место, како што се Replay, Diesel, Tommy Hilfiger, Calvin Klein, Guess, Trussardi, Love Moschino и други, а кој може да ги промовира најдобро нивните креации од […]