Програмата „Дигитална Европа“ на ЕУ има буџет од 7,5 милијарди евра, треба да аплицираме со што повеќе проекти, вели Алиу


Со Договорот за програмата „Дигитална Европа“ на Европската Унија, кој во петокот во Брисел го потпиша министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, државава може да аплицира за проекти што ќе се финансираат од фонд со вкупен буџет од 7,5 милијарди евра, наменет за сите земји вклучени во Договорот до 2030 година. Во оваа […]

Украинската армија за една недела ослободи територија од 37 квадратни километри


 Украинската армија за една недела повратила територија од 37 квадратни километри од руските сили на истокот и југот на земјата, како дел од контраофанзивата што ја спроведува во овие области, изјави денеска украинската заменик министерка за одбрана Гана Малиар. Таа кажа дека на југот на земјата, ослободените територии се зголемени за 28,4 квадратни километри, со […]

Родилка се бори за живот откако се фрли од првиот кат на Клиниката за гинекологија


Родилка се фрлила од првиот кат на ЈЗУ Клиниката за гинекологија и акушерство, откако претходно родила здраво машко дете, информираат од болницата. Како што стои во соопштението, пациентката на 39-годишна возраст од Скопје, била примена на Гинекологија на 28.06. во 21.16 часот заради крвавење во последниот триместар од бременоста (36 гестациска недела). -Пациентката веднаш е […]

Наскоро летате со авион? Европските контролори издадоа предупредување: „Ситуацијата е хаотична“


Патниците кои летово ќе патуваат со авион се предупредени на „предизвувачко“ лето. Еуроконтрол, регулатор на воздушниот простор во Европа, очекува контролата на воздушниот сообраќај да биде преоптоварена во многу европски земји. Еуроконтрол издаде предупредување на почетокот на шпицот на туристичката сезона. Тие велат дека се очекуваат околу 33.000 дневни летови низ Европа во следните осум […]

Новата методологија за уредување на платите неприфатлива за КСОМ


За претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески, методологијата на Владата за покачување на платите од 5,3 проценти е неприфатлива.  -Владата даде некоја методологија, покачување на 5,3 проценти на платите, се надевам за сите синдикати да не е прифатливо. Македонскиот работник го интересира да кажат колку сега во моментов ќе му […]

(Видео) Воени авиони се судрија во воздух за време на обука во Колумбија, еден пилот загина


  Трагична несреќа се случи за време на воена обука во Колумбија. Два авиони се судрија додека вршеле маневарски лет во формација. Еден од пилотите загинал, додека другиот успеал принудно да слета. Колумбиските воздухопловни сили ја потврдија смртта на потполковникот Марио Андрес Еспиноза Гонзалес во падот на два авиони Ембраер Т 27 Тукано, кои се […]

SpaceX лансираше европски телескоп за мапирање на „темната“ вселена


Во текот на викендот, SpaceX лансираше телескоп за Европската вселенска агенција (ESA) од Кејп Канаверал во Флорида со помош на ракета Falcon 9. Станува збор за NIR (инфрацрвен) телескоп наречен Евклид, именуван по грчкиот математичар, кој се смета за „татко на геометријата“. Овој телескоп ќе проучува како темната материја и темната енергија го обликуваат универзумот. […]

Како ќе се плаќа со дигиталното евро?


  Европската комисија пред неколку дена предложи правен основ, а сега Европската централна банка мора да се погрижи за сите технички детали. Според најоптимистичкото сценарио, првите набавки со евра би можеле да се направат дигитално за три години. Околу 341 милион луѓе во 20 од вкупно 27 земји на Европската унија плаќаат во евра веќе […]

Наградата за Медеја ме врати дома: Интервју со Илина Чоревска, актерка


Брилјираше во улогата на  Медеја во претставата на Битолскиот народен театар, но не како силен анти- херој кој на крај свирепо ги убива своите деца, туку како нежна, тивка, денешна, маргинализирана, скршена  Медеја. Илина Чоревска во интервјуто за „Независен“ открива дека се изненадила и се израдувала како дете, за наградата во Прилеп. Сѐ уште ја […]

Шукова од Брисел: Посебен предизвик е имплементацијата на Поглавјето 27


Денеска во Брисел започнува билатералинот скрининг за Поглавје 27- Животна средина и климатски промени што претставува еден од двата најдолги скрининзи и ќе траe од 3-ти до 7-ми јули. На скринингот пред Европската комисија преку 75 презентации ќе бидат презентирани состојбите во областите: хоризонтално законодавство, управување со отпад, квалитет на вода,  природа, хемикалии, индустриско загадување и […]

„Бистри“ и „Матни“ случаи за јуни 2023 година според Транспаренси Интернешнл-Македонија


Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна и годишните анкети за корупција во рамки на проектот „Бистро-Матно“. За јуни 2023 година, според она што го објавија од Транспаренси Интернешнл-Македонија, поголемиот број се  „бистри”, од „матни” случаи. Случаите „Скопје 2014“, истрага позната како „Феникс“, двајцата судии кои поднесоа оставка од Судскиот Совет, објавените извештаи од […]

Тренчевска: Прашањата со синдикатите се решаваат само преку дијалог


 Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејановски, како и со дел од вработените во Центрите за социјална работа. Средбата беше одржана во пресрет на утрешниот најавен протест од страна на синдикатот. Фокусот на разговорите на средбата, како што информираат од МТСП, беше во […]

Македонија почнува преговори за пристап до Програмата на ЕУ за животна средина


Европската комисија денеска започнува преговори со седум држави што не се членки на ЕУ, меѓу кои и со Северна Македонија, за нивно поврзување со Програмата на Унијата за животна средина и клима (ЛИФЕ). Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, останатите шест држави со кои Еврокомисијата ќе ги почне денешните преговор се и […]

Том Круз со филмска летна листа: Ќе ве изненади


Додека е на азиска турнеја на која го промовира најновиот седми дел од „Невозможна мисија: Одмазда 1“, една од најуспешните филмски франшизи во историјата на седмата уметност, 60-годишниот холивудски актер Том Круз ужива во статусот на суперѕвезда. Жените врескаат кога тој се појавува на црвениот тепих, публиката носи транспаренти и маици со неговиот лик и […]

Недела на шведски филм од 6 јули во Кинотека


Каратеристични по посебната атмосфера, посебниот пејсаж и (се)присутниот момент на интроспекција, шведските филмови од самиот почеток на националната кинематографија се наметнаа како најбитни и како највлијателни во рамките на скандинавското кино. Почетоците на шведската кинематографија датираат од првата декада на минатиот век. Во 1911 година се оформува институцијата Svenska Biografteatern, а во неа се вработуваат филмските […]

Познат археолог е жената која загина во Скопје прегазена од багер


Македонскиот археолог Ленче Јованова (1957-2023) е жената која пред два дена настрада во центарот на Скопје, кога на пешачки премин ја прегази багер. – Со големо неверување ја примивме веста дека нашата колешка Ленче Јованова во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66 годишна возраст го загуби својот живот – објавија од Македонското […]

Кирјос се повлече од Вимблдон поради повреда на зглобот


Лондон – Ник Кирјос нема да се бори за трофејот на Грен слемот во Лондон. Финалистот од минатата години го откажа настапот поради повреда.   – Тажен сум оваа година морам да се повлечам од Вимблдон. Се трудев да се подготвам по операцијата и повторно да одам на терените на Вимблдон. Пред една недела во Мајорка […]

Левица го спори Законот за матична евиденција пред Уставниот суд


 Левица поднесе иницијатива-претставка за оспорување на уставноста на дел од Законот за матичната евиденција (1995), кој предвидува внесување на националната припадност во изводите од матичните книги на родените, венчаните и умрените. -Никаде во светот личното чувство на граѓаните не се докажува со јавна исправа издадена од државен орган! Овие одредби, кои го инспирираа носењето на […]

Калифорнија користи дронови за борба против комарците


Во обид да се справат со растечката популација на комарци и да го спречат ширењето на болеста во Јужна Калифорнија, властите почнаа да користат нов метод, беспилотни летала „вооружени“ со топчиња со спори на бактерии. Станува збор за високотехнолошки беспилотни летала кои ја револуционизираат контролата на комарците насочувајќи го нивниот развој во мочуриштата, големите езерца […]

Автентичен сувенир – минијатурни традиционални македонски софри го освојуваат регионот


Со вештина и умешност на уметник, со прецизност и декоративно совршенство на виртуоз, но и со познавање и искуство на традицијата на поднебјето од кое потекнува, кратовчанката Елена Арсовска од село Шлегово изработува минијатурни софри- сувенири со традиционални јадења, автентични за поднебјето на Кратово и кратовско што ги пленат сите што ќе ги видат. Изработките […]