(Видео) Воени авиони се судрија во воздух за време на обука во Колумбија, еден пилот загина


 

Трагична несреќа се случи за време на воена обука во Колумбија. Два авиони се судрија додека вршеле маневарски лет во формација. Еден од пилотите загинал, додека другиот успеал принудно да слета.

Колумбиските воздухопловни сили ја потврдија смртта на потполковникот Марио Андрес Еспиноза Гонзалес во падот на два авиони Ембраер Т 27 Тукано, кои се судрија во лет додека изведуваше маневри за обука во подготовка за претстојниот воен настан.

Крилата на авионите се допреле при свртувањето, што предизвикало пожар на еден од нив и набрзо паднал на земја. Вториот авион успеал да се стабилизира и принудно слетал, а пилотот бил итно пренесен во болница, велат од воздухопловните сили.

Несреќата се случила во градот Апиај во централниот дел на земјата пред граѓаните кои дошле да ги следат подготовките, а снимката од трагичната несреќа била споделена и на социјалните мрежи.

Истрагата за тој немил настан е во тек. Не се соопштуваат други детали за жртвите, ниту идентитетот на вториот пилот, кој бил командант. Тим истражители отпатувал на местото на несреќата за да соберат повеќе детали за тоа што би можело да предизвика пад на авионот.

На местото на настанот е испратена истражна комисија која ќе спроведе увид и ќе ги утврди причините за несреќата“, објаснуваат од ФАЦ. Воздухопловните сили изразија сочувство до семејството на Гонзалес.

Смртоносниот инцидент се случи само еден ден откако ФАЦ објави дека авионите Тукано ќе се вратат на овогодинешниот аеромитинг во Рионегро во Антиокија за да изведуваат акробатски претстави.