Зголемен бројот на работници во индустријата


 Бројот на работниците во индустријата во мај годинава е зголемен за 0,8 отсто во однос на мај лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи опаѓање од 2,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4,0 отсто .

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2023 година, во однос на мај 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12,1 отсто , додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,2 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8 отсто.

Во периодот јануари – мај 2023 година, во однос на јануари – мај 2022 година, бројот на работници цо индустријата е зголемен за еден отсто.