Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ се обидела да избега во Македонија


Миљана К., мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска била спречена кога се обидела со ќерката да ја напушти Србија, преку граничниот премин „Прохор Пчињски“, јавуваат српските медиуми. Да потсетиме, истрага беше покрената против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој на крајот на минатиот месец уби девет негови врсници и чуварот […]

Во Скопје се одржува Парада на гордоста


Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд. Учесниците се собраа во Паркот Жена во центарот на градот, а потоа по поздравните говори Парадата на гордоста продолжи со марш по скопските улици. Парадата е проследена со музика, но и е […]

Покрај Белград, осмиот протест Србија против насилството и во уште девет други градови


Осмиот протест Србија против насилството, покрај Белград каде се собраа помалку граѓани отколку изминатите протести, денеска се прошири и во уште девет други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што беше најавено, протести се одржаа во Суботица, Зрењанин, Нови Сад, Шабац, Крагуевац, Кралево, Ниш, Пирот и Лесковац, а во […]

Вагнер на 200 километри од Москва – Пригожин го прекина походот: Се враќаме во базата


Основачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, се согласи да ја деескалира ситуацијата во Русија, соопшти кабинетот на белорускиот претседател. Во соопштението, објавено на официјалниот канал на белоруското претседателство на Телеграм, се вели дека шефот на платеничката група Вагнер се согласил да го запре натамошното движење на неговите борци низ Русија. На маса е и […]

Во Италија уапсен Албанец, запленети 72 кг кокаин и 50 илјади евра


Италијанската полиција уапсила албански државјанин и запленила над 72 килограми кокаин и 50 илјади евра. Според албанските медиуми, се започнало со рутинска контрола на патот на автомобил “Пежо 208” кој се движел кон Кавриаго од областа на стадионот Мапеи. Мажот кој го управувал автомобилот не ги послушал полициските наредби да застане, што резултирало со потера […]

Метеж на преминот Дојран и „Богородица“ кон Грција, се чека по час и половина


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин „Богородица”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу час и половина, додека на граничниот премин „Дојран”, времето на чекање за излез од државата изнесува околу еден час, информираат од АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна нема […]

Групата „Вагнер“ блокирана на социјални мрежи во Русија


 Групата Вагнер е блокирана на социјалната мрежа ВКонтакте на барање на Роскомнадзор, пренесе ТАСС. „Овој материјал е блокиран на барање на Роскомнадзор врз основа на одлуката на Генералното обвинителство на Руската Федерација“, соопшти руската федерална служба за надзор во областа на информатичките технологии и масовните комуникации. Во меѓувреме, каналот АСТРА на Телеграм објави дека страниците […]

Гледачите забележаа голема грешка во новиот „Сексот и градот“: „Срамота“


Првите две епизоди од втората сезона на „And Just Like That“ се излезени, а гледачите веќе забележаа голем пропуст во конзистентноста. Во втората епизода наречена „Вистински договор“, Хари Голденблат (Еван Хендлер), сопруг на Шарлот Јорк (Кристин Дејвис), вели дека неговата мајка починала пред 10 години. Сепак, обожавателите не заборавија дека Хари во финалето на петтата […]

Во Берово наврнале 57 л/м2 дожд, во Охрид 36 л/м2


 УХМР попладнево соопшти дека во невремето во Берово наврнале 57 л/м2 дожд, додека во Охрид, каде исто така имаше силно невреме, наврнале 36 л/м2. Како што наведуваат од УХМР, дадените вредности за количината врнежи се измерени на нивните дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може […]

Ќе се полага приемен за средното медицинско училиште во Скопје, има повеќе пријавени


Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни 2023 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни 2023 година.  Согласно Конкурсот за запишување […]

Би-Би-Си Русија: Евакуација на дел од населението во Москва, се затвораат трговски центри, музеи…


Би-Би-Си Русија известува за евакуација на јавни згради во Москва додека платениците на Вагнер напредуваат кон главниот град на Русија. Медиумот информира дека во Москва се евакуираат музеите во близина на Кремљ. Во последните неколку часа имаше извештаи за евакуација на Третјаковската галерија, музејот Пушкин и културниот центар ГЕС-2, додава Би-би-си. Во Москва наводно биле […]

Путин потпиша закон што овозможува 30-дневен притвор поради кршење на вонредната состојба


Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го потпиша Законот за мерки за прекршување на вонредната состојба. Законот предвидува 30-дневен притвор за прекршување на мерките за време на вонредна состојба, стои во документот објавен на официјалниот портал за правни информации. Како што е наведено во тој акт, Законот влегува во сила со денот на објавувањето. Изменетиот […]

Командир од тетовската касарна поттикнал колешка да побара поткуп од 3.000 евра


Поведена е истрага против 45-годишен командир од тетовската касарна, кој минатиот месец, поттикнал 23-годишна колешка да побара поткуп од 3.000 евра од колега за да стане офицер. Обвинителството бара судот да му одреди притвор на осомничениот. Основното јавно обвинителство Скопје известува дека донело наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на Тетово, вработен во […]

Во прекин сообраќајот на патот Берово – Виница, поради невремето критично на влезот во Смојмирово


Поради невремето кое ја зафати Малешевијата во прекин сообраќајот на регионалниот патен правец Берово – Виница. Причина за прекинот е надојдена вода од Колачински поток, поради што во моментот има забрана за движење на овој патен правец. Информацијата ја потврдија од ЦУК од каде додадоа дека поради обилните врнежи од дожд надојдена е Смојмирска река […]

Пекинг и делови од северна Кина погодени од рекордно високи температури


Пекинг и делови од северна Кина се погодени од рекордно високи температури, властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат да бидат на отворено. Опсерваторијата Нанјао во Пекинг за првпат трет ден по ред забележа температура над 40 степени Целзиусови, соопшти кинеската метеоролошка управа. Во соседната провинција Хебеј и пристанишниот град Тијанџин, температурите исто така достигнаа 40 […]

Шпигел: Вагнер доаѓа, распродадени летовите од Москва кон европските држави


 Летовите од Москва до други држави во Европа се распродадени во услови кога членовите на паравоената група „Вагнер“ се приближуваат кон главниот град на Русија, пишува „Шпигел“.  Според германскиот весник, билетите за директните линии од Москва до Тбилиси, Астана и Истанбул веќе не се достапни.  Во исто време, мапите на Гугл покажуваат дека автопатот М4, […]

Париз најавува Резолуција за Македонија слична на онаа од германскиот Бундестаг


Претседателот рече – сега прашањето на проширувањето не е кога, зашто колку побрзо, толку подобро, а тоа го кажал повеќе пати. Прашањето е поврзано со безбедноста, со одредени предизвици за развојот на ЕУ. Но, претседателот кажа дека има само едно, единствено прашање – како, под кои услови тоа проширување да се случи колку што е […]

Русите пронајдоа 47 милиони долари во кутии. Пригожин: Тоа е за платите на Вагнеровците


Руската безбедносна служба ФСБ изврши претрес на имотот на Вагнер во Санкт Петербург.   Непотврдени извештаи на руските медиуми велат дека во картонски кутии во близина на канцеларијата на Евгениј Пригожин пронашле 47 милиони долари во готовина.   Ројтерс пренесува дека Пригожин рекол дека парите што ги пронашла безбедносната служба ФСБ биле наменети за покривање […]

МНР со повик: Не патувајте во Русија, тие што сте таму, напуштете ја!


 Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија одблиску го следи развојот на состојбите во Руската Федерација и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници. Од Министерството за надворешни работи посочуваат дека во тој контекст се уште е на сила препораката објавена на 28 февруари 2022 година, сите граѓани на Северна Македонија да […]

Русите ги пречекуваат Вагнеровците како ослободители: Бесплатна храна и прегратки за борците


Платениците на групата Вагнер не наидоа на отпор од локалното население во нивниот марш кон Москва, напротив, многумина ги пречекаа со раширени раце, давајќи им бесплатна храна и вода. Водачот на оваа платеничка група Евгениј Пригожин го коментираше „топлиот пречек“ за семејството Вагнер. Цивилите во Ростов очигледно не се плашат од Вагнер. Тие се во […]