Мајката на момчето убиец од „Рибникар“ се обидела да избега во Македонија


Миљана К., мајката на момчето убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ денеска била спречена кога се обидела со ќерката да ја напушти Србија, преку граничниот премин „Прохор Пчињски“, јавуваат српските медиуми.

Да потсетиме, истрага беше покрената против Миљана К., мајката на малолетното момче убиец кој на крајот на минатиот месец уби девет негови врсници и чуварот на училиштето „Владимир Рибникар“ поради сомнение дека запоставувала и малтретирала момчето убиец пред злосторството.

Доколку се докаже дека го сторила ова кривично дело, ѝ се заканува затворска казна до три години.

Првото основно јавно обвинителство во Белград на 23 мај соопшти дека на полицијата ѝ било наредено да собере податоци за мајката на момчето кое било убиецот.

Исто така, на Градскиот центар за социјална работа потоа му било наредено да изврши дијагностичка проценка на функционирањето на семејството на момчето убиец и за ова да поднесе пријава до обвинителството, како и да утврди дали споменатото семејство претходно било во евиденцијата на таа тело.

Доколку се докаже дека мајката ги занемарила обврските како родител, ќе и се заканува затворска казна до 3 години.