Русите пронајдоа 47 милиони долари во кутии. Пригожин: Тоа е за платите на Вагнеровците


Руската безбедносна служба ФСБ изврши претрес на имотот на Вагнер во Санкт Петербург.
 
Непотврдени извештаи на руските медиуми велат дека во картонски кутии во близина на канцеларијата на Евгениј Пригожин пронашле 47 милиони долари во готовина.
 
Ројтерс пренесува дека Пригожин рекол дека парите што ги пронашла безбедносната служба ФСБ биле наменети за покривање на платите и другите трошоци за неговите борци.
 
 

Руската телевизија прикажува документарен филм за Берлускони

Руската ТВ програма „Россија 24“ не ги следи настаните во земјата, но прикажува документарен филм за Берлускони.

 

Вагнеровците ги пробија барикадите и одат кон Москва. Имаат уште 300 клометри пат. Москва, во меѓувреме е блокирана. Забранет е секаков влез и излез од главниот град на Русија.

 

 

Силите на Рамзан Кадиров стигнаа до Ростов

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најави распоредување на војници за поддршка на Кремљ против, како што рече, вооружениот бунт на платеничката група Вагнер, јави ДПА.

„Борците од Министерството за одбрана и Националната гарда на Чеченската Република веќе заминаа во тензичните области. Ќе сториме се за да ја зачуваме единството на Русија и да ја заштитиме нејзината државност“, напиша денеска Кадиров на својот канал на апликацијата Телеграм.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно имаше излагање на државната телевизија, во кое оцени дека станува збор за вооружен бунт и најави дека ќе ги казни организаторите.