Невремето создаде хаос во Франција: Одрони, а има и мртви


Една 57-годишна жена загина, а еден маж е повреден во лизгање на земјиштето за време на невремето што синоќа го зафати северниот дел на Франција, соопштија локалните власти.

Интензивните врнежи од дожд во градот Курмело предизвикаа одрони и лизгање на земјиште, кои затрупаа неколку куќи, се наведува во соопштението, пренесува Фигаро.

Интервенирале речиси 60 пожарникари, а помош пружила и жандармеријата.

Општинските власти отворија прифатен центар за сите погодени граѓани.

Силно невреме со грмотевици придружено со град и силен дожд ја погоди северна Франција во средата навечер, со локални количества дожд еквивалентни на двенеделни врнежи во мај.

Силно невреме ги зафати областите Лион и Париз, а неколку авиони кои требаше да слетаат на аеродромот „Орли“ беа пренасочени кон други аеродроми.