Доделени наградите на шестиот фестивал за деца „Стихувалки 2023“


Авторката Ана Љубиќ од Куманово за песната „Сон“ ја доби првата награда со златна плакета за време на синоќешната завршна манифестација на шестиот фестивал на поезија за деца „Стихувалки 2023“, што се одржа во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Втората награда со сребрена плакета ја доби авторката Силвана Димитриевска од Скопје, за песната […]

Поради кризата во Русија активиран центарот за одговор на кризи на ЕУ


Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска разговараше со министрите за надворешни работи на земјите од Г7 за ситуацијата во Русија. Борел на Твитер напиша дека во тек се подготовките за утрешната средба на Советот за надворешни работи на ЕУ и дека е активиран центарот за одговор на кризи. Тој исто така додаде дека поддршката […]

Руската авијација гаѓа конвој на Вагнер, хеликоптери уништија складиште за нафта во Воронеж


Вооружениот бунт што го започнаа платениците на Вагнер ескалира. Во областа Воронеж се водат борби, а во истоимениот град хеликоптери на руската армија уништија складиште за нафта. Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гусев, изјави дека „во рамките на антитерористичката операција, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат неопходните оперативни борбени мерки во областа на Воронежската […]

Мишел: Случувањата со „Вагнер“ се внатрешна работа на Русија


 Лидерите на европските институции најавија дека внимателно го следат развојот на ситуацијата во Русија по бунтот на приватната паравојска против руските власти, наведувајќи дека тоа е внатрешна работа на Русија. Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Твитер објави дека внимателно го следи развојот на ситуацијата во Русија и дека е во контакт со лидерите […]

Отворен новиот градски пазар во Делчево, ќе работат 18 дуќани и 192 продажни пунктови


Во рамки на новиот градски пазар во Делчево ќе работат 18 дуќани и 192 продажни пунктови. Новиот пазар има отворен и затворен простор, со сите потребни критериуми за соодветно чување и продавање на храната и на земјоделските производи. Инвестиција е 732 илјади евра од кои 50 проценти се средства од државниот Буџет, реализирани преку Министерството […]

Огромни штети за земјоделците од Дебрца


Градските власти во Охрид ги ставија на располагање сите капацитети со кои располага Општината за надминување на последиците од невремето што денеска го зафати регионот. Градоначалникот Кирил Пецаков по итниот состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа и директорите на општинските јавни претпријатија истакна дека пред Општината е пред сериозен предзвик и дека интензивно се […]

Седум хорови ќе ја отворат првата фестивалска вечер на ТЕХО во Тетово


 Со настап на седум хорови од Тетово, Скопје, Гевгелија, Скадар(Албанија),  Ниш(Србија) и Нов Зеланд вечерва во Центарот за култура во Тетово почнува најновото издание на Меѓународниот хорски фестивал ТЕХО.  Пред отворањето и првиот ден од фестивалот во фоајето на Центарот ќе има изложба на плакати, фотографии и материјали од сите досегашни фестивалски изданија. Дел од […]

Авион од Малме не можеше да слета во Охрид поради невремето, пренасочен во Тирана


Авион кој поради силното невреме не можеше да слета во Охрид, доби нова рута и слета во Тирана. Обидите за авионот да слета на охридскиот аеродром траеа околу половина час, но бидејќи невремето не запираше, пилотот доби нови насоки, при што авионот задоцни околу половина час. Авионот кружеше околу Охрид и охридските села повеќе време, […]

Виолета Танчева-Златева добитничка на наградата „Антево слово“


Виолета Танчева-Златева со нејзината песна „Севселенска“ е годинашна лауреатка на шестиот меѓународен конкурс „Антево слово“, распишан од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст“ – Струмица“. Како што соопштија од тимот на „Антево слово“, одлуката за наградата едногласно ја донесе жири-комисијата на […]

Петковиќ: Нашите служби ја утврдија вистинската намера на Курти, сакаат да им подметнат оружје на Србите


– Директорот на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ на вонредна прес конференција изјави дека „српските служби ги откриле намерите на институциите на Приштина“, дека во тек е „општа информативна војна“ со намера да и се наштети на Србија, да се спречи какво било продолжување на дијалогот и најави „интензивни средби на претседателот […]

Силно невреме во Охрид и Кичево, оштетени се возила, поплавени се улици


Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија Охрид и околината. На моменти, градот беше со големина на орев, што ќе предизвика штети, особено на овошките и посевите, пренесува  Нова Македонија. Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите. Дел од […]

Пригожин: Путин е во заблуда, нема предавање, не сакаме да живееме во земја на корупција


Шефот на руската платеничка група Вагнер Евгениј Пригожин се огласи по вонредниот говор на Владимир Путин. Тој рече дека никој нема да се предаде на барање на Путин или на некој друг. Пригожин во кратка порака објави дека не размислуваат да се предадат и да се откажат од целта. „Претседателот беше длабоко во заблуда кога […]

Западните земји воздржано ја следат ситуацијата со воениот бунт во Русија


 Велика Британија, Франција, Германија, Полска и Италија одделно соопштија дека внимателно ги следат настаните во Русија, откако шефот на приватната воена формација „Вагнер“ноќеска почна бунт против руските власти. „Во следните часови, лојалноста на руските безбедносни сили, а особено на Националната гарда, ќе биде клучна за развојот на оваа криза. Ова е најзначајниот предизвик за руската […]

Претрес во Гази Баба, најдена марихуана


Утрово од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, со поддршка на Единицата за интервентна полиција лишени од слобода се Н.П.(38), В.К.(50) и М.Ч.(31), сите од Скопје. Имено, при […]

Пензионер добил 3.8 милиони долари на лотарија


Секој од нас барем еднаш сонувал да стане милионер и како би било да добие пари на лотарија или некоја друга игра на среќа. Сите размислуваа на што да ги потрошат парите и повеќето замислуваа некои екстравагантни работи, но она што го кажа „стариот хипик“ од Колорадо, кој освои 3,8 милиони долари токму на оваа […]

Петар Грашо пее на Културно лето Кисела Вода


Уште еден концерт од Културното лето на Кисела Вода се одржа синоќа на Три Круши во Драчево. Многубројната публика уживаше во фолк-хитовите, маестрално изведени од бардовите на македонската народна музика, Сузана Спасовска и Миле Кузмановски. Ним им претходеше концерт на КУД Китка, фолклорниот ансамбл кој е препознатлив белег на Драчево, но и на цела општина […]

Вицегувернерката Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте


Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено во помалку развиените економии. Сѐ поголем број централни банки гледаат на зеленото финансирање како на дел од нивниот мандат. Народната банка преку серија активности придонесува кон поттикнување на зеленото финансирање во домашната економија“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју при […]

Надреални сцени од Ростов: Платеници на Вагнер во полна опрема чекаат хамбургер, чистачки на улиците


Откако членовите на платеничката група Вагнер го окупираа градот Ростов, на терен речиси и да не наидоа на отпор, напротив, граѓаните ги пречекаа со раширени раце. Во едно од видеата што станаа вирални, војниците на Вагнер во полна воена опрема чекаат хамбургер во руската верзија на Мекдоналдс (Вкусно и Точка).   Wagner soldiers order burgers […]

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа во Кавадарци


 Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина  во Кавадарци. Информацијата ја потврдија од МВР за МИА. – Утрово во  01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Кавадарци, патничко возило „тојота“ со велешки […]

Герашченко: Русија наскоро ќе има нов претседател


 Украинскиот советник за внатрешни работи, Антон Герашченко, во врска со ноќешниот бунт на групата „Вагнер“ против руското раководството, денеска на каналот Телеграм го сподели соопштението на вагнеровците во кое се наведува: „Путин направи погрешен избор. Толку полошо за него. Наскоро ќе имаме нов претседател“. Руските канали на Телеграм јавуваат дека „војниците на „Вагнер“ влегле во […]