Силно невреме во Охрид и Кичево, оштетени се возила, поплавени се улици


Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија Охрид и околината. На моменти, градот беше со големина на орев, што ќе предизвика штети, особено на овошките и посевите, пренесува  Нова Македонија.

Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите.

Дел од улиците се поплавени, а има и штети. Веќе има поплаки за оштетени автомобили, поплавени простории во руралните делови.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.

Покрај Охридско-струшкиот регион, според информациите на Центарот за управување со кризи, невреме со дожд и град го зафатил и кичевскиот регион.

Невреме Кичево

– Од дежурните оперативци ви 112 и СОК во ЦУК, согласно јавувањата на граѓаните на 112 и на дежурните институции во земјава, информираат дека невремето од Охридско-струшкиот регион се движи кон Кичевско и веќе го зафсќа и Полошкиот регион, стои во информацијата од ЦУК.

Силен дожш, невреме и громови го зафатија и Малешевскиот крај, а зафатени се Пехчево, Берово и Делчево, како и Крива Паланка и Македонска Каменица.