Руската авијација гаѓа конвој на Вагнер, хеликоптери уништија складиште за нафта во Воронеж


Вооружениот бунт што го започнаа платениците на Вагнер ескалира. Во областа Воронеж се водат борби, а во истоимениот град хеликоптери на руската армија уништија складиште за нафта.

Гувернерот на регионот Воронеж, Александар Гусев, изјави дека „во рамките на антитерористичката операција, вооружените сили на Руската Федерација ги спроведуваат неопходните оперативни борбени мерки во областа на Воронежската област“.

Гусев не прецизираше со кого се бори војската во Воронеж. Сепак, јасно е дека бунтовничките борци на Вагнер окупирале одредени воени објекти во тој регион.

Градот Воронеж се наоѓа на околу 470 километри од руската престолнина Москва, односно на половина пат до Москва од Ростов на Дон, каде што Вагнер веќе окупираше воени објекти.
Гусев рече и дека итните служби се обидуваат да го изгаснат резервоарот за гориво во складиштето за нафта. На местото на настанот се повеќе од 100 пожарникари и 30 противпожарни возила.

 

На социјалните мрежи се појави видео од експлозија на автопатот кај Воронеж. Гаѓана е колоната на возила на Вагнер, а погоден е и камион. Не е познато дали камионот бил на конвојот или е цивилно возило.

Потсетуваме дека во раните утрински часови група вагнерски платеници под водство на Пригожин започна вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон.

Рускиот претседател Владимир Путин најави жестока одмазда против сите оние кои се одлучија за воен бунт. Од друга страна, Вагнеровите најавија дека Русија наскоро ќе има нов претседател.