Надреални сцени од Ростов: Платеници на Вагнер во полна опрема чекаат хамбургер, чистачки на улиците


Откако членовите на платеничката група Вагнер го окупираа градот Ростов, на терен речиси и да не наидоа на отпор, напротив, граѓаните ги пречекаа со раширени раце.

Во едно од видеата што станаа вирални, војниците на Вагнер во полна воена опрема чекаат хамбургер во руската верзија на Мекдоналдс (Вкусно и Точка).

 

Колку и самите граѓани на Ростов се изненадени од ваквиот развој на настаните, покажува глетката во која работник вработен во градската служба ја чисти улицата додека во позадина се распоредени војници и оклопни возила на групата Вагнер.

Потсетуваме дека во раните утрински часови група вагнерски платеници под водство на Пригожин започнаа вооружен бунт, окупирајќи го градот Ростов на Дон, а последните информации велат дека влегле во Воронеж. Рускиот претседател Владимир Путин најави жестока одмазда против сите оние кои се одлучија за воен бунт.