Шпигел: Вагнер доаѓа, распродадени летовите од Москва кон европските држави


 Летовите од Москва до други држави во Европа се распродадени во услови кога членовите на паравоената група „Вагнер“ се приближуваат кон главниот град на Русија, пишува „Шпигел“. 

Според германскиот весник, билетите за директните линии од Москва до Тбилиси, Астана и Истанбул веќе не се достапни. 

Во исто време, мапите на Гугл покажуваат дека автопатот М4, јужно од Москва, по кој патуваат бунтовниците на Вагнер, е затворен.