Гледачите забележаа голема грешка во новиот „Сексот и градот“: „Срамота“


Првите две епизоди од втората сезона на „And Just Like That“ се излезени, а гледачите веќе забележаа голем пропуст во конзистентноста.

Во втората епизода наречена „Вистински договор“, Хари Голденблат (Еван Хендлер), сопруг на Шарлот Јорк (Кристин Дејвис), вели дека неговата мајка починала пред 10 години.

Сепак, обожавателите не заборавија дека Хари во финалето на петтата сезона на Сексот и градот откри дека неговата мајка умрела уште пред да ја запознае Шарлот.

Хари дури ѝ рекол на Шарлот дека не може да биде со неа како епископалец, затоа што ѝ ветил на мајка си дека ќе се ожени со Еврејка. Поради ова, таа премина во јудаизам, што стана важен дел од приказната во шестата и последна сезона, која се емитуваше во 2004 година.

„Дали MPK (Мајкл Патрик Кинг, извршен продуцент на оригиналната серија) не се сети дека мајката на Хари беше мртва кога тој и Шарлот се запознаа? Недоследностите продолжуваат да ме збунуваат“, „Целосниот недостаток на конзистентност ме доведува до лудило “, ” Срамота. Сара Џесика Паркер е сè уште извршен продуцент, како не забележа?” се само дел од коментарите на Твитер.