Променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со грмежи и засилен ветер


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град. Минималната температура […]

Сатурн има 145 природни сателити, сепак е пред Јупитер


Јупитер беше во центарот на вниманието во февруари, бидејќи новото истражување откри дека оваа планета има многу повеќе месечини/природни сателити отколку што се мислеше и ја презеде титулата лидер во Сончевиот систем, но Сатурн се „врати“. Група астрономи објавија дека се откриени уште 62 месечини кои орбитираат околу Сатурн, со што вкупниот број на неговите […]

Арсовска: Мостот „Беласица“ го запалиле несовесни граѓани


Вечерва во ТВ21 гостуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која за мостот „Беласица“ коментираше дека најверојатно станува збор за штета предизвикана од човечки фактор и дека не знае колку ќе биде затворен. „Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек. Имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и […]

Македонија ќе се приклучи на проектот брза пруга


Владата работи на подготовка на сите првични иницијативи за да започне процесот на реализација на брза пруга низ Македонија,  што во првата фаза ќе се надоврзе на веќе одминатите постапки за реализација на ваков железнички коридор од Будимпешта до Прешево во Србија за да продолжи трасата до Скопје, пишува Рацин.мк. Втората фаза ќе биде подготовка на […]

Колку енергија може да потроши електричен автомобил кога е во мирување


Луѓето и компаниите кои одлучуваат да купат електричен автомобил ја земаат предвид неговата набавна цена и потрошувачката при возење. Сепак, има и скриени трошоци кога автомобилот е во мирување. Истражувањето спроведено од белгискиот енергетски старт-ап Re.alto покажа дека трошоците можат да достигнат и до 600 евра годишно, доколку се земат предвид белгиските цени на струјата. […]

Утре продолжува комисиската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање


Собраниската Комисија за европски прашања попладнево продолжи со расправата по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање – втор од петте закони во кои треба да се интервенира согласно договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делници од коридорите 8 и 10д, откако во петокот ја исцрпи расправата за измените на […]

ССМ: Изјавата на Бесими дека зголемувањето на платите на работниците сега ќе влијае врз инфлацијата е неразумна


Сојузот на синдикати на Македонија денеска излезе со соопштение во кое реагира на изјавата на министерот за финансии, Фатмир Бесими, вработените да почекаат на зголемување на платите до 2024 година. ССМ оцени дека изјавата на Бесими оти ако се зголемат платите на работниците сега ќе има импликации на инфлацијата, е неразумна. -Оценката на министерот дека […]

Германската Луфтханза сака да пополни уште 8.000 работни места во 2023 година


Германската авиокомпанија Луфтханза планира да вработи уште 8.000 луѓе оваа година, соопшти денеска групацијата. Авиокомпанијата бара техничари, ИТ експерти, пилоти и адвокати за различни локации, а веќе вработија 6.000 нови луѓе оваа година, јави ДПА. Повеќето од нив се дополнителни работни места, објасни портпаролот. Тој не кажа колку поранешни вработени во Луфтханза ќе ја напуштат […]

Од Филхармонија се закануваат со протести секој ден за џез оркестарот да не се смести кај нив


Оркестарот на Македонската филхармонија и денеска одржа протест пред Министерството за култура поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција. Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски најави дека ќе продолжат со протестите секој ден, се додека не се сослушаат нивните барања. Тој напомена дека испратиле писмо и до […]

Претставени првите пронајдоци во новата лабораторија за биотехнологии


Околу 30 учесници на првиот Експо ден во СУГС „Марија Кири – Склодовска“ – Скопје ги претставија пронајдоците направени во првата биотехнолошка лабораторија во земјата подржана од УНДП, УНИЦЕФ и Град Скопје. На настанот, на кој присуствуваше заменичката на регионалната директорка на УНДП Марина Валтер, постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија Армен Григорјан и […]

Се урна мал цивилен авион во Германија, двајцата пилоти загинаа


Две лица загинаа при уривање на мал цивилен авион „Лирџет“ во близина на воздушната писта на НАТО во близина на германскиот град Рендсбург, објави денеска „Билд“. Авионот бил изнајмен од германското воздухопловство, а двајцата пилоти загинале во, како што наведоа, тренажен лет. Несреќата се случила по полетувањето, а авионот требало да полета кон провинцијата Долна […]

Шаќири и пред стружани ги најави новите мерки за превенција од врсничко насилство


Како да се унапредат механизмите за безбедност во училиштата и превенирање на меѓуврсничкото насилство, беше тема на конференцијата која денеска ја организираше Меѓународниот универзитет во Струга, а на која учествуваше и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, како и повеќе претставници на академската и експертската заедница од областа.  Во своето обраќање министерот Шаќири рече […]

Превентивниот проект „Безбедност во училиштата“ пред основците во Гази Баба


Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, а согласно превентивниот проект „Безбедност во училиштата“, на тема „Улога на полицијата во демократското општество“ денеска организираше и реализираше едукативни работилници со ученици од основните училишта „Глигор Прличев“ и „Стив Наумов“. На работилниците, информираа […]

Утре и задутре времен режим на сообраќај на улицата „Александар Урдаревски“


ЈП „Улици и патишта“ ги известува граѓаните дека утре и задутре, на 16 и 17 април, поради асфалтирање на пешачките патеки на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, со прв слој асфалтна маса, на потегот од населено место Кучевишка бара кон обиколницата, ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 14 часот. […]

„Лајка“ неделава заловува во Гази Баба


Од денеска заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ започна со заловување на улични кучиња на територијата на општина Гази Баба. До 19 април ќе се заловува во кругот на фабриката Железара, како и во населбите Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Стајковци и останатите населени места во општината. Од „Лајка“ велат дека ќе се залови секое бездомно […]

Џафери: Tврдењата за Трајко Велјаноски се паушални


  Паушални и неточни се наводите на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, во отвореното писмо до јавноста. Наспроти неговите тенденциозни обвинувања, ова раководство на Собранието, во изминатите шест години, презема низа мерки и проекти во функција на поголема транспарентност и отчетност на законодавната власт кон граѓаните и јавноста, стои во одговорот од кабинетот на […]

Девет претстави во конкуренцијата за награди и богата програма на МТФ „Војдан Чернодрински“


Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни. Фестивалот ќе почне со претставата „Инферно“ на театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ од Велес на 9 […]

Бугарката Марија Габриел веќе не е еврокомесар, објави Урсула фон дер Лајен


  Две вести (а и три) речиси во исто време ги обележаа денешните настани во Софија за формирање политичка влада која треба да ја извади Бугарија од изборниот ќор-сокак. Прво претседателот Румен Радев ѝ го довери мандатот на Марија Габриел, еврокомесарка за иновации и истражување (кадар на ГЕРБ) да се обиде да состави влада во […]

Епско лудило над Бахмут


  Војната за Бахмут, која трае веќе десет месеци, добива епси размери. Иако од градот едвај има останато нешто, руските запаливи гранати паѓаа во ненормални количини во делот што е под контрола на Украина создавајќи слика како на апокалипса. Ваков напад имаше и пред десетина дена кога Украина ја обвини Русија дека го гранатирала градот  […]

Сензација во Рим, Алкараз елиминиран од 135. тенисер во светот


Унгарскиот тенисер Фабијан Марожан, 135-рангира на АТП листата, направи денеска големо изненадување откако во третото коло на мастерсот во Рим го совлада Шпанецот Карлос Алкараз со 6-3, 7-6. За триумфот над Алкараз, кој од следниот понеделник повторно ќе го преземе првото место на АТП рангирањето, на Марожан му беа потребни еден час и 42 минути […]