Од Филхармонија се закануваат со протести секој ден за џез оркестарот да не се смести кај нив


Протест на Филхармонија (Фото: Б. Грданоски)

Оркестарот на Македонската филхармонија и денеска одржа протест пред Министерството за култура поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски најави дека ќе продолжат со протестите секој ден, се додека не се сослушаат нивните барања.

Протест на Филхармонија (Фото: Б. Грданоски)

Тој напомена дека испратиле писмо и до премиерот Димитар Ковачевски, во кое бараат средба, но и негово вклучување во решавање на овој проблем.

Уште еднаш посочи дека зградата на Македонска Филхармонија е наменски изградена за оркестарот на Македонска Филхармонија. Како што рече, доколку во зградата би постоеле два независни правни субјекти, ќе биде проблем, односно нема да можат да функционираат.

Протест на Филхармонија (Фото: Б. Грданоски)

Ја поздравија одлуката за формирање на Џез оркестар, но начинот на кој што е донесена одлуката за нивно сместување во Филхармонија е нетранспарентен, без вклучување на јавноста, само со изготвување на елаборатот од две до три страници, без консулатација со релевантните луѓе во музиката.