„Лајка“ неделава заловува во Гази Баба


Од денеска заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ започна со заловување на улични кучиња на територијата на општина Гази Баба. До 19 април ќе се заловува во кругот на фабриката Железара, како и во населбите Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Стајковци и останатите населени места во општината.

Од „Лајка“ велат дека ќе се залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое претходно не поминало хуман третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]. Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава – информираат од „Лајка“.