Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар


Најмалку шест лица загинаа, а околу илјада се евакуирани од западниот брег на Мјанмар, откако силен циклон ги погоди таа земја и Бангладеш. При силниот налет на ветрот се повредени повеќе од 700 луѓе од околу 20.000 луѓе кои се засолниле во зградите на ридовите на градот Ситва, како што се манастирите, пагодите и училиштата. […]

Девет претстави во конкуренцијата за награди и богата програма на МТФ „Војдан Чернодрински“


Девет претстави во официјална, седум од независна продукција, две од придружна програма и една дипломска претстава ќе бидат дел од програмата на 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што годинава ќе се одржи од 9 до 16 јуни. Фестивалот ќе почне со претставата „Инферно“ на театарот „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ од Велес на 9 […]

Ќе се донесе закон за донирање вишоци храна


Во Дојран денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  учествуваше на координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна. Како […]

Битиќи во Кавадарци: Финансиската помош за компаниите е индиректна поддршка и за локалните производители


  Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска во Кавадарци изјави дека се радува на убави бизнис приказни кои претставуваат инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја. Тој заедно со Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, ја посетија компанијата „ЕКО – ГРУП“ во Кавадарци која се занимава со преработка и конзервирање на овошје […]

Ангелов: Засега не ни се заканува опасност од големи поплави


 Засега на државата не и се заканува опасност од големи поплави, порача директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов по денешната координативна средба во ЦУК.   На координативната средба во ЦУК, на која имало претставници на УХМР, Водостопанство, Противпожарната бригада на град Скопје, МВР, Дирекцијата за заштита и спасување, МЗШВ и на […]

Вишокот килограми носи опасност од рак на бубрезите и на дебелото црево


Лицата со прекумерна тежина се соочуваат со зголемена можност од рак – дури и кога се чини оти се медицински здрави, посочува истражување на Универзитетот Лунд во Малме, Шведска. Истражувачите проучувале здравствени податоци на речиси 800.000 жители на Европа. Така, откриено е дека најзагрозени се обезните луѓе со метаболички компликации. Нормалниот крвен притисок, холестерол и […]

Грчка единица за справување со катастрофи утре ќе презентира спасувачка опрема во Скопје


Во рамки на настаните организирани од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје,Специјална единица за одговор при катастрофи од Солун  во соработка со противпожарната бригада на градот Скопје, Службата за заштита и спасување и Црвениот крст на Северна Македонија, утре  во 11 часот во Спортско-рекреативниот центар во паркот […]

Инвестирањето во пензиите е како садење дрво – пензиските друштва почнаа кампања „Засади желба“


  Преку симболиката на садењето дрвја и времето што е потребно да се види и ужива резултатот од тој влог, трите пензиски друштва во земјава, Сава пензиско друштво, КБ Прво пензиско друштво и Триглав пензиско друштво денеска ја промовираа кампањата „Засади желба“ чија цел е подигнување на свесноста за реформираниот пензиски систем. Ова е трето […]

Ковачевски: Тој што ја кочеше 11 години евроинтеграцијата е во Европа, а ние чекаме


„Евроинтегративнот процес е неповратен. Тој не може да  запре, но од лични причини на поединци може да се забави. Од тоа на крајот никој нема да има интерес,  а тој што го кочеше 11 години заврши во Европа, додека ние сме се уште надвор“, порача денес премиерот Димитар Ковачевски на брифинг со новинарите. Тој нагласи […]

Сообраќаен режим на „Даме Груев“ поради асфалтирање


ЈП „Улици и патишта“ Скопје  ги известува граѓаните дека на ден 16.05.2023г.(вторник) и ден 17.05.2023г.(среда) поради изведба на градежни активности за асфалтирање на пешачките патеки  на улицата „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 ч. наутро до 15 ч. попладне, ќе биде воведен […]

Само 14 проценти од оние кои се во брак или заедница, користат модерни методи на контрацепција


Само 14 проценти од жените или нивните партнери кои се во брак или заедница, користат модерни методи на контрацепција. Кај жените кои не се во брак или заедница, 21 процент користат некаков вид на модерна контрацепција, соопшти денеска програмската раководителка од ХЕРА, Драгана Каровска-Чемерска пред почетокот на националната конференција ,,Младите и фармацевтите – заедно за […]

ЕУ барала детално објаснување, владата не се откажува од европското знаменце


  Европската унија побарала детално објаснување од владата зошто токму на ваков начин, со специјален закон, директна спогодба и европско знаменце, ќе се градат новите коридори од страна на „Бехтел и Енка“, но тоа нема да ја запре започнатата процедура за измени на законите кои треба да овозможат тие да бидат завршени за четири години.  […]

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот побараа повторување на постапката


Бранителите на обвинетите во случајот со убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, денеска во Апелациониот суд во Скопје ги образложија своите жалби на пресудата на Основниот Кривичен суд Скопје и бараат повторување на постапката. Тие сметаат дека пресудата е неоснована поради суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка, погрешно утврдена фактичка состојба, повреда на Кривичниот […]

Државата во јуни ќе издаде граѓанска обврзница, со каматата ќе им конкурира на банките


Педесет милиони евра дополнителни приходи во Буџетот планира да собере Министерството за финансии од новиот инструмент – народна или граѓанска обврзница, што ќе биде издадена во јуни. Граѓаните за прв пат ќе може директно да инвестираат во вакви државни хартии од вредност и за тоа да добијат камата која што ќе биде повисока од она […]

Црна Гора бара 5.000 странски работници за сезоната


За оваа сезона ќе треба да се ангажираат околу 5.000 странски работници од регионот и од подалечните дестинации. Ова го изјави Сања Марковиќ, секретарката на УО на Здружението за туризам и угостителство на Стопанската комора на Црна Гора, а тоа го покажуваат и оценките на туристичката индустрија, пренесува Капитал. Таа изјави дека на неодамнешната средба […]

Турција ќе ја чека разврската за владеењето на Ердоган во вториот круг


  Рекордно високиот одѕив од 88 отсто на жестоките избори го постави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пред најголем предизвик за неговото лидерство во последните две децении со назнака дека гласањето оди кон вториот круг, дури и кога Ердоган се обиде да навести победа пред да заврши официјалното пребројување на гласовите. Говорејќи пред радосната толпа […]

„Партиски војник“: Која е Марија Габриел која сака да стане бугарска премиерка


  БРИСЕЛ – Марија Габриел се надева дека ќе ја преземе одговорноста за земјата која едвај ја познава неа, оставајќи град кој ја познава премногу добро. Европската комесарка за истражување и иновации беше номинирана минатата недела да стане следниот премиер на Бугарија од лидерот на нејзината партија Бојко Борисов, со цел да се скрши политичкиот […]

Пролетни прогнози на ЕК: Европската економија е силна и покрај глобалните предизвици


И покрај глобалните предизвици европската економија сè уште е силна, се наведува во денеска објавената пролетната економска прогноза на Европска комисија. Во првиот квартал од оваа година, европската економија забележа умерен раст пред сè поради пониските цени на енергијата, силниот пазар на труд и намалувањето на проблемите поврзани со набавките. Умерениот раст е показател дека […]

Македонската економија годинава со раст од 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто, предвидува Европската комисија


Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент. Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Северна Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 година на […]

Ерменија и Азербејџан ќе прават „Охридски договор“ кај нас


Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека по примерот на српско-косовските преговори што се одржаа во Охрид под покровителство на САД и на ЕУ, наскоро во Македонија треба да се одржат преговори и меѓу Ерменија и Азербејџан кои со децении се во конфликт. Идејата е иницирана од нашиот министер а целта е да се […]