Дали знаете што се случува откако ќе го испиете првото кафе? За 10 минути се проширува по телото, а еве што прави по шест часа


Дали знаете што се случува во вашето тело кога внесувате кафе? Во првите десет минути, кофеинот од кафето влегува во крвотокот и се шири низ телото, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Во исто време, спречува допаминот да се реапсорбира во крвотокот, што му овозможува да остане во мозокот подолго време, правејќи […]

Струмичките археолози по четири децении повторно го истражуваат локалитетот „Свети 40 Севахистиски маченици“ во Банско


По пауза од речиси четири децении струмичките археолози повторно вршат археолошки истражувања на локалитетот „Свети 40 Севастиски маченици“ во селото Банско. Тимот на „Завод и Музеј Струмица“ го предводат археолозите Душко Цветанов и Ване Секулов и според нив станува збор за средновековна црква изградена во периодот 11-12 век. -Сакралниот објект поседува синтронос на источната страна […]

Пендаровски одбил да ја помилува Катица Јанева


  Катица јанева, шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, поднела барање за помилување до претседателот Стево пендаровски, но тој го одбил , соопштуваат од неговиот кабинет. „Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева“, се вели во соопштението. […]

Почина девојчето кое беше тешко повредено во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград


Пациентката која се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со сериозни повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, почина утринава, соопшти денеска Министерството за здравство на Србија. Таа починала и покрај итната хируршка интервенција и сите преземени мерки за интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое […]

Прво „Њујорк тајмс“, а сега и „Гардијан“: „Вучиќ е популист и про-Кремљ авторитарец“


  Британскиот весник „Гардијан“ пишува за српскиот претседател Александар Вучиќ и државната мерка за разоружување што беше донесена по два трагични настани. Неодамна „Њујорк тајмс“ објави текст за врските меѓу мафијашкиот клан на Беливук и државниот врв во Србија, а денеска за тоа пишува и британски „Гардијан“. Весникот наведува дека во длабоко поделената нација преплавена […]

Бесими препорачува зголемувањето на платите во јавниот сектор да се имплементира од 2024 година


Министерот за финансии Фатимир Бесими денеска потврди дека за април 2023 година му е исплатена плата повисока за 78 отсто, согласно одлуката на Уставниот суд. Како што информира на денешната средба со новинарите, досегашната плата му била 71.145 денари, а за април му се исплатени 125.960 денари. Информира дека зголемена плата за 78 отсто им […]

Османи прави зелена оаза на покривот на МНР


Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи заедно со вработените во МНР денеска засадуваа дрва на покривот на Министерството како пример за одговорно однесување кон животната средина и справување со проблемот со аерозагадувањето. „Грижата за животната средина треба да биде врвен приоритет во сите наши акции што ги правиме и како луѓе, […]

Бугарија: Главниот обвинител ја искина оставката и му објави војна на Борисов


  Двајцата врвни луѓе во бугарската политика, кои беа обвинувани дека заедно ги штитат олигарсите и корупцијата денеска фактички  стапија во „војна“. Поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, последниве неколку месеци ја сврте плочата против главниот обвинител Иван Гешев, обвинувајќи го дека неговите постапки ја влечат земјата назад. Гешев, кој беше избран во […]

Поскапеа горивата


Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60% во однос на одлуката од 8.5.2023 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за […]

Рекорден водостој на реките во Хрватска и БиХ, евакуација, испумпување, поплави


Дождот што непрестано паѓа од вчера предизвика прелезање на реките во Хрватска и Босна и Херцеговина. Реката Зрмања прелеа преку заштитниот ѕид кај Обровац во општината Грачац, каде се упатени пожарникари, припадници на Хрватската горска служба за спасување и цивилната заштита со чамци за спасување. Неколку реки се излеаја и во северозападниот дел на Босна […]

Тетовец и неговата сопруга го претепале соседот


Вчера, во 15.55 часот, во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К. М., кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З. Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улицата Питу Гули во Тетово физички го нападнал. Според пријавеното, во нападот, во кој учествувала и неговата сопруга, К. М. употребил и остар предмет и […]

Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите


Народната банка објави повик за пријавување трудови за 47. сесија на Клубот на истражувачите, што ќе се одржи на 15 јуни годинава. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 1 јуни 2023 година. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што […]

„InoVax“ – најдобра Џуниор Ачивмент ученичка компанија патува на Европски натпревар во Истанбул


 Победник на националниот натпревар на ученички компании за учебната 2022/2023 година организиран од Џуниор Ачивмент Македонија е „InoVax“ од средното училиште СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје. „InoVax“ е ученичка компанија која со својот производ им помага на повозрасните лица и лицата со деменција, како и на нивните најблиски, за безбедно напуштање на нивните домови. Компанијата […]

Германските канцеларии се празни, се повеќе луѓе работат на далечина


Германските канцеларии се празни бидејќи вработените работат на далечина повеќе отколку пред пандемијата, се наведува во најновиот извештај на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен. Во моментов, 12,3 отсто од работните места во канцелариите се недоволно искористени на дневна основа бидејќи вработените работат на далечина. Пред пандемијата, во 2019 година, оваа бројка беше само […]

Утре ќе биде потпишан анексот на Договорот со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во ЕУ


Држава која нема коридори и енергија не може да се развива, порачаа денеска од Владата. Како што најави на брифинг за медиумите, министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски утре во Црна Гора ќе го потпише анексот на Договорот со ЕУ со којшто Коридорот 8 влегува во мрежата на главни коридори во регионот и во […]

Завршува реконструкцијата на уште еден повеќенаменски спортски терен во Аеродром


​Во боите на Аеродром и МЗТ Скопје, аеродромци добиваат нов повеќенаменски спортски терен за кошарка и фудбал во близина на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“. Со инвестиции од буџетот на Општина Аеродром и во рамките на овој инвестициски циклус, спортските игралишта кои отсекогаш биле симбол на маалската дружба, добиваат нов и модерен изглед. Новите поставени содржини подразбираат […]

СДСМ бара Советот на Град Скопје да расправа за тешката финансиска состојба на градот


Денеска, СДСМ ќе поднесе иницијатива за одржување на седница на Советот на која ќе се расправа за тешката финансиска состојба во Градот. Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ мора да одговорат каде завршиле стотици милиони евра пари на граѓаните – велат од партијата на власт. – Неспособноста и кавгите за рацете во медот на ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска и […]

Клиниката за психијатрија се реновира, пациентите ќе се пренасочуваат во Психијатриската болница-Скопје и во ГОБ „8 Септември“


Универзитетската клиника за психијатрија во Скопје соопшти дека од денеска се реновира објектот во кој е сместена преку Проектот за подобрување на енергетската ефикасност што се финансира преку Светска банка, а го спроведува Министерството за финансии во соработка со Министерство за здравство. За време на реновирањето пациентите ќе бидат пренасочувани за хоспитален третман во Психијатриската […]

Грција економски закрепнува, но трошоците за живот секојдневно растат


Грција ги надмина повеќето европски економии во последните години, но граѓаните не можат да си дозволат некои основни работи. Високиот раст, намалувањето на долгот и зголемените инвестиции придонесоа Грција да ги надмине повеќето европски земји. „Постојат добри причини грчката економија да ја надмине еврозоната во следните 3-5 години“, изјави главниот економист на Еуробанк Тасос Анастасатос. […]

Маж и малолетник со тврд предмет нападнале полицајци на должност


Маж и малолетник од Прилеп нападнале полицајци на должност.  – На 13.05.2023 во 14.40 часот во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп ги лишиле од слобода С.В.(51) и малолетник, двајцата од Прилеп, затоа што агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејствија, при што С.В. употребил и тврд предмет, информираа […]