Опасна конкуренција за Мис на светот: Запознајте ја претставничката на Чешка (фото)


Јустина Зедникова е годинешна претставничка на Чешка на изборот за Мис на светот за 2023 година. Јустина е 20-годишна студентка на Економскиот факултет, а како што изјавила за тамошните медиуми, уште од мала сакала да ја претставува својата земја на избор за убавина. На новинарско прашање дали е љубител на естетските корекции и филери, младата […]

Ако сте во врска со некој од нив, знаете што се може да направат: Ова се најљубоморните хороскопски знаци, не ги провоцирајте


Астрологијата ги открива најљубоморните хороскопски знаци. Хороскопите можат да дадат фасцинантен увид во нашето однесување, вклучително и како се справуваме со љубомората. Секој хороскопски знак има свои уникатни тенденции и начини на изразување на љубомора, а еве кои хороскопски знаци никогаш не треба да ги испровоцирате на таков начин. Важи за пољубоморните: ОВЕН Овните се […]

Шефот на Вагнер ѝ понудил на Украина да ги открие локациите на руските трупи


Евгениј Пригожин, шефот на платеничките сили „Вагнер“ и понудил на украинската Влада да ја открие позицијата на руските војници, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на документи на американското разузнавање. Војниците на Вагнер беа во првите редови на крвавата руска офанзива за преземање на градот Бахмут. Меѓутоа, како што пишува Вашингтон пост, Пригожин во јануари, во […]

Том Хенкс има свој фаворит за новиот Џејмс Бонд: „Тој има дозвола да убива“


Како што е познато, подолго време се бара кој ќе го глуми Џејмс Бонд откако Даниел Крег стави крај на толкувањето оваа улога. Том Хенкс во интервју за Би-би-си изјави дека Идрис Елба е вистинскиот човек за таа задача. „Сфатете го ова. Џејмс Бонд има дозвола за убивање. Би му ја дал таа дозвола на […]

15 мај во историјата – Советите го почнаа повлекувањето од Авганистан


  Повеќе од осум години откако интервенираа во Авганистан за да ја поддржат прокомунистичката влада, советските трупи почнаа да се повлекуваат. Настанот од 15 мај 1988 година го означи почетокот на крајот на долгата, крвава и бесплодна советска окупација на Авганистан. Во декември 1979 година, советските трупи првпат влегоа во Авганистан во обид да ја […]

Без вода две улици во Центар


Поради уличен дефект од Ф-150 мм, без вода од 9.30 се корисниците на улиците „Самоилова“ и „Банатска“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Кина почнува проекти за брак на „новата ера“ и повеќе деца


Кина ќе почне проекти во повеќе од 20 градови за да создаде брак на „нова ера“ и култура на раѓање што е најнов потег на властите за зголемување на наталитетот. Националното тело, Здружение за планирање на семејството, што ги спроведува владините популациски мерки, ќе почне проекти насочени кон охрабрување на жените да се мажат и […]

Објавен двоброј од „Стожер“ – ревија на Друштвото на писателите на Македонија


Од печат излезе новиот двоброј на Ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ во издание на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). -Двобројот е второ/трето издание на ревијата за 2023 година, со статии од книжевно-уметничкото творештво на македонските литерати, потоа осврти, преводи, согледби, хроника и кратки вести од Македонија и од светот, а истиот е […]

(Видео) Пожар во болница во Мадрид, загина маж


Шеесет и осумгодишен маж почина од вдишување чад, а 24 лица се полесно повредени во пожар во болницата Сан Карлос во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Пожарот избувнал околу еден час по полноќ на петтиот кат од болницата, а причините се уште се истражуваат, соопшти портпаролот на министерството за здравство, пренесува „Ел Паис“. Noticias frescas en […]

Бускетс ја освои 32-та титула со Барселона и се изедначи со Иниеста, само Меси има повеќе


– Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс ја освои својата 32-та титула како дел од Барселона, која предвреме стана шампион на Шпанија. „Каталонците“ синоќа како гости го победија Еспањол (4:2) и обезбедија недостижна предност пред конкурентите за највисок пласман во Ла Лига. Бускетс стана деветкратен шпански шампион. Има седум победи во Купот и […]

Ердоган загуби во Македонија


  Малку неочекувано, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги губи претседателските избори на гласачките места во Македонија. Турската изборна комисија отвори пет гласачки места во Македонија и според податоците на државната агенција Анадолија резултати има од три. Според тие резултати кандидатот на опозицијата има голема предност – Кемал Киличдароглу освоил 52,84 отсто, а Ердоган 35.8. […]

Денови на македонската литература и култура во Торонто


Литературното друштво „Браќа Миладиновци“, кое работи во состав на црковната општина „Св. Климент Охридски“ во Торонто, викендов ја организираше манифестацијата „Денови на македонската литература и култура“ во Торонто. Во големата сала на црквата беше поставена изложба на книги од македонски автори, предмети од богатото македонско културно наследство, ликовни дела од Зоран Карапанчев и цртежи од […]

Приказната „Силjан Штркот” на Марко Цепенков преведена на руски јазик


Приказната на Марко Цепенков „Силјан Штркот“ е објвена на руски јазик во превод од Олга Панкина. Книгата беше промовирана во библиотеката „А.Н. Толстоj”  во Москва, во рамките на проектот „Читаj ја Македонија!”. Панкина, која е позната како популаризатор на македонската литература и култура во Русија, вели дека „Силјан Штркот“ е единствено дело од Цепенков досега […]

Американски авиони пресретнаа руски авиони во близина на Алјаска


Американски борбени авиони пресретнале шест руски авиони во меѓународниот воздушен простор во близина на Алјаска, соопшти синоќа Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Во соопштението на НОРАД се наведува дека руските авиони биле бомбардери ТУ-95, авиони за полнење гориво Ил-78 и авиони ловци СУ-35. Северноамериканската команда за воздушна одбрана го опиша пресретнувањето како […]

Бостон ја доби мајсторката со Филаделфија и избори финале во Источната конференција на НБА


Бостон синоќа ја совлада Филаделфија во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција на НБА плејофот со 112:88. Џејсон Тејтум беше најефикасен играч на средбата со 51 поен. Тој го собори рекордот на чуварот Стеф Кари од Голден Стејт, кој на 1 мај во мечот против Сакраменто (120:100) стана првиот играч во историјата на НБА […]

За Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, според обработени 99,9 отсто од ливчињата, јави државната ТРТ


На претседателските избори одржани вчера во Турција, за актуелниот шеф на државата Реџеп Таип Ердоган гласале 49,34 отсто од гласачите, покажуваат податоците од обработените 99,9 отсто од гласачките ливчиња, јави турската државна телевизија ТРТ. За главниот ривал на Ердоган – Кемал Килчдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса гласале 44,99 отсто од гласачите. Разликата меѓу ривалите […]

Монодрамата „Торонто експрес“ вечер на интернационалниот фестивал во Битола


Интернационалниот театарски фестивал на монодрамата во Битола продолжува со гостување на Македонскиот народен театар кој учествува со монодрамата „Торонто експрес“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф, во режија на Јордан Симонов, а во изведба на актерот Александар Микиќ. „Торонто експрес“ е една од најбараните и најпродаваните претстави од репертоарот на МНТ, а овојпат на Фестивалот ќе биде […]

Почнува чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк


Екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, од денеска почнуваат со чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк, што ќе се одвива во неколку фази. – Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во Градскиот парк, по налог на Град Скопје […]

Ковачевски ќе информира за актуелните политички и економски случувања


Премиерот Димитар Ковачевски денеска на брифинг со новинарите ќе информира за политичките и економските случувања во земјава, со акцент на работната посета во Њујорк и Вашингтон, како и економските политики на Владата за подобрување на животниот стандард, соопшти владината прес-служба. На брифингот покрај премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на […]

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите


Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка. Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв […]