Том Хенкс има свој фаворит за новиот Џејмс Бонд: „Тој има дозвола да убива“


Како што е познато, подолго време се бара кој ќе го глуми Џејмс Бонд откако Даниел Крег стави крај на толкувањето оваа улога. Том Хенкс во интервју за Би-би-си изјави дека Идрис Елба е вистинскиот човек за таа задача.

„Сфатете го ова. Џејмс Бонд има дозвола за убивање. Би му ја дал таа дозвола на Идрис Елба само врз основа на тоа што сум го видел како работи“, рече Хенкс.

Долго време се шпекулира дека Идрис Елба ќе го игра Џејмс Бонд. Иако остана во добри односи со продуцентите на франшизата 007, актерот одби да ја игра познатата улога.

„Не можам да зборувам за тоа, но од моја перспектива, никогаш немало вистина во тоа. Тоа е комплимент и чест, но не е вистина“, изјави Елба во интервју за „Гардијан“, пренесува Дедлајн.