Почнува 76. Меѓународен филмски фестивал во Кан


 Меѓународниот филмски фестивал во Кан почнува денеска, со црвен тепих на којшто ќе зачекорат бројни ѕвезди, меѓу кои Харисон Форд, Џони Деп и Натали Портман. Во трката за „Златна палма“ се натпреваруваат 21 филм. Швеѓанецот Рубен Остлунд, минатогодишен добитник на главната награда за филмот „Без филтер“, годинава е претседател на жирито. Заштитно лице на годинашното, […]

ЦИА ги поттикнува Русите да и достават разузнавачки податоци


Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) преку видео објавено на Телеграм ги повика незадоволните Руси, од политиката на претседателот Владимир Путин, да и достават разузнавачки информации за нивната земја. Кратко видео на ЦИА покажува руски функционер заедно со неговата сопруга и дете во нивниот дом, очигледно имаат тежок живот и се прашуваат дали тоа се совпаѓа […]

Зошто на Путин му треба „Вагнер“?


  Американското списание „Форин аферс“ објави подолг извештај за групата „Вагнер“, приватна руска воена компанија блиска до рускиот претседател Владимир Путин. Списанието ја доведува во прашање потребата на Путин од оваа паравоена формација и дава многу детали за скриената борба меѓу силите за нејзино зачувување. Андреј Солдатов и Ирина Бороган, автори на извештајот, се осврнаа […]

ЕБОР: Македонската економија годинава со раст од два отсто, а следната три проценти


Северна Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти, се наведува во најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за регионалните економски перспективи. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а догодина од 3,4 отсто. Албанската економија годинава ќе […]

Ковачевски на четвртиот Самит на Советот на Европа во Исланд


Премиерот Димитар Ковачевски денеска и утре ќе учествува на четвртиот Самит на Советот на Европа во Рејкјавик, Исланд. Ковачевски ќе присуствува на Самитот, на кој ќе учествуваат претседатели на држави и влади на земји членки на Советот на Европа. Во рамки на Самитот, како што најавија од владината прес-служба, Ковачевски ќе учествува на Тркалезна маса […]

Извештај на Стејт департментот за верските слободи во Северна Македонија


Годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот, во делот за Северна Македонија ја нотира законската измена усвоена од Парламентот за забрана на регистрација и работа на ентитети кои носат имиња и симболи на нацизмот, национал-социјализмот или Третиот рајх, или се придружени со нетолеранција, омраза, фашизам, а во врска […]

Добро утро, Србијо


„Се разбира, постојат објективни околности во кои живееме, тука е влијанието на глобализмот, влијанието на западната култура, која по својата природа е антикултура, тука е и интернетот, кој многу ги уназадува нашите деца и кој би требало да се контролира. Децата се оптоварени со видеоигри. Порано имавме сојуз на извидувачи, феријален сојуз, одевме заедно на […]

Промоција на е-државјанство


 Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе промовираат е-државјанство. Настанот ќе се одржи претпладне во Една точка за услуги (ЕТУ) во Скопје. 

Коридорот 8 станува дел од мапата на главни коридори на Западен Балкан


Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе престојува во работна посета на Црна Гора каде ќе се одржи министерска конференција на земјите од Западен Блакан во организација на Секретаријатот на Транспортната заедница и ЦЕФТА. Во рамки на конференцијата, ќе се потпише Анекс на Одлуката на Европската Комисија  за разбирање на високо ниво помеѓу […]

Панел дискусија „Зајакнување на Источното крило на НАТО”


„Зајакнување на Источното крило на НАТО” е насловена панел дискусијата со студенти што ќе се одржи денеска на Универзитетот Американ Колеџ Скопје. На панел дискусијата, како што е најавено, ќе присуствуваат претставници од земјите од Вишеградската група и од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, кои ќе ги исложат своите ставови, по што […]

Концерт на хорот на „Танец“ и промоција на книги во рамките на Денови на македонската музика 2023


Концерт на хорот на Национална установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ и промоција на книги ќе бидат одржани вечер во Музеј на револуционерната борба. Програмата е во рамките на фестивалот „Денови на македонска музика 2023“ на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ. – Хорот ќе изведе литургиски творби од црковно-музички дејци кои […]

Денеска и утре времен режим на улица „Даме Груев“ во Скопје


Од ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека во зависност од временските услови денеска и утре ќе се реализират градежни активности за асфалтирање на пешачки патеки на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“. Во периодот од 8 часот наутро до 15 часот попладне, ќе биде […]

Специјален американски обвинител го критикуваше ФБИ за начинот на кој ја воделе истрагата против Трамп


Американското Федерално истражно биро (ФБИ) немаше доволно докази за да отвори истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп во 2016 година и премногу се потпираше на советите на политичките противници на Трамп, се наведува во конечниот извештај на американскиот специјален советник Џон Дурам. Во извештајот од 306 страници, Дурам заклучи дека американските разузнавачки и агенции […]

Ангеловска-Бежоска ќе ги презентира пролетните макроекономски проекции на Народната банка


 Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска во Народната банка ќе одржи прес – конференција. Како што е најавено, Ангеловска-Бежоска на прес-конференцијата ќе ги презентира пролетните макроекономски проекции на Народната банка. 

„Бидете херои на чесноста“ кампања за борба против корупцијата


Во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Општина Карпош, денеска почнува промотивна кампања за борба против корупцијата „Бидете херои на чесноста“. Како што е најавено од организаторите, на почетокот на кампањата ќе се обратат Билјана Ивановска, претседателка на Државна комисија за спречување на корупција и Јоана Козма, директор на Канцеларијата на Меѓународната фондација за изборни […]

Претседателот на Врховниот суд на Украина е приведен поради поткуп од 2,7 милиони долари


Претседателот на Врховниот суд на Украина Всеволод Књазев е приведен за поткуп од 2,7 милиони долари. Апсењето беше објавено вчера, денот кога украинскиот претседател Володимир Зеленски се врати во земјата по тридневната турнеја низ Европа. Зеленски најави дека добил ветувања за поголема помош од сојузниците и увери дека поддршката за пристапот на Украина во Европската […]

Силни експлозии во Киев, нападот „исклучително интензивен“


Киев синоќа беше цел на руски воздушен напад, што украинските власти го оценија како исклучително интензивен. Тоа е осми таков напад врз главниот град на Украина овој месец. Воздушната тревога сега е укината низ целата земја. – Нападот беше исклучителен по својата интензитет, максимален број проектили во најкраток временски период, изјави шефот на градската воена […]

Во Србија на интернет антисемитски и антимуслимански пораки


Верските заедници во Србија пријавиле помалку насилни инциденти минатата година отколку во 2021 година, се вели во извештајот од американскиот Стејт департмент за верските слободи во светот објавен денеска, но тој укажува на промовирање на антисемитизам на интернет и дека националистичките групи ги користеле социјалните мрежи за ширење пораки против мигрантите и муслиманите, пренесе Бета. […]

Лани во 20 земји беа егзекутирани речиси 900 луѓе, најмногу во последните пет години


Речиси 900 луѓе биле егзекутирани во 20 земји во светот минатата година, најголем број од 2017 година, објави невладината организација „Амнести интернешенел“ во својот годишен извештај за смртната казна. Невладината организација забележува дека некои земји се зафатени од „смртоносна хистерија“. „Бројот на публикувани егзекуции во 2022 година е најголем во изминатите пет години, а рекордот […]

Конференција „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“


„Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на ЦИВИЛ-Центар за Слобода. Конференцијата, на која ќе бидат опфатени низа општествено-политичките аспекти на односите меѓу заедниците, мултикултурализмот и европските вредност, е во контекст на Светскиот ден на различностите, 21 мај. Како што […]