Арсовска: Мостот „Беласица“ го запалиле несовесни граѓани


Мостот „Беласица“ (Фото: Б. Грданоски)

Вечерва во ТВ21 гостуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која за мостот „Беласица“ коментираше дека најверојатно станува збор за штета предизвикана од човечки фактор и дека не знае колку ќе биде затворен.

„Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек. Имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и тоа е нешто за што апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последиците и да се најдат сторителите на ова дело. Градот ги чека анализите и извештаите од МВР и од ЦУК за да почне со постапување. Треба да се испита дали е безбеден мостот, да се провери неговата статика, па потоа да се даде одговор. Знаеме дека се создава хаос, меѓутоа не зависи од Град Скопје колку ќе траат овие поправки“, рече Арсовска.