Голем пожар во Шпанија, стотици евакуирани


Шумски пожар во западниот шпански регион Екстремадура опустоши околу 1.500 хектари земја и принуди 550 луѓе да ги напуштат своите домови, а ветровитото време ги отежнува напорите да се стави пожарот под контрола, соопштија службите за итни случаи. „Многу силните налети на ветерот ги отежнуваат напорите за гаснење на пожарот“, изјави командантот на воената единица […]

Пирс Броснан со прва изложба на слики во Лос Анџелес: Уметноста ми го спаси животот


Лос Анџелес – Пирс Броснан се обидел да пишува за себе многу пати, но преку сликарството славниот актер навистина чувствува дека може целосно да се изрази. „(Уметничкото дело) е биографско. Се обидов да ги напишам мемоарите, и тоа е толку досадно. Треба само да се копа во главата и срцето и сеќавањето на животот. И […]

Карпош се поднови со опрема за уредување на просторот – поради дождовите има бујна вегетација


Според предвидените програмските активности на Секторот за екологија и енергетска ефикасност при Општина Карпош, деновиве пристигна дел од техничката опрема која ќе биде предадена за употреба на општинските служби, кои се задолжени за одржување на јавната хигиена и зеленилото на територија на локалната самоуправа.  – Хигиената во општина Карпош е подигната на највисоко можно ниво, […]

19 мај во историјата – Погубена е Ана Болејн, втората жена на Хенри VIII


  На 19 мај 1536 година, Ана Болејн, осрамотената втора сопруга на кралот Хенри VIII, е погубена под обвинение за прељуба, инцест и заговор против кралот. Кралот Хенри се заљуби во Ана Болејн во средината на 1520-тите, кога таа се врати од службата во францускиот двор и стана дворска дама на неговата прва сопруга, Катерина […]

Агелер: Од Софија слушнавме многу агресивен јазик


  Американската амбасадорка Анџела Агелер вели дека има многу историја меѓу Северна Македонија и Бугарија, многу заеднички интереси, но нагласува дека има и луѓе кои би биле многу среќни да креираат дополнителен хаос, оние кои имаат политички придобивки од обидите да креираат наративи околу македонскиот јазик, македонскиот идентитет. Алегер во интервју за МИА во однос […]

Стопанската комора бара девет мерки во енергетиката за да и се помогне на економијата


 Девет предлог мерки кои државата треба да ги преземе за да се поддржи економијата во енергетска криза се испратени од Стопанска комора на Северна Македонија (СКСМ) до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката.Предлог-мерките се испратени до сите државни и јавни институции кои имаат надлежност во енергетиката:   – АД ЕСМ, со […]

Општина Аеродром склучи договор за одржување на зеленилото за 335.000 евра, општината во трева (фото)


Општина Аеродром склучи договор за Одржување на јавни зелени површини и одржување на хигиената на јавните површини и други комунални услуги со Друштво за трговија, производство и проектирање ПИРАМИД БИЛДИНГ СОЛУШНС ДООЕЛ увоз-извоз Скопје. Вредноста на договорот е 20.650.000,00 со вклучен ДДВ или 335.772 евра. Сите детали од договорот ОВДЕ Од друга страна, последните неколку […]

Договорот со „Бехтел и Енка“ стигнал во ДКСК


 Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила Договорот со американско-турскиот конзроциум „Бехтел и Енка“ што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на  проектот за изградба на коридорите 8 и 10д по објавите во медиумите околу изборот на надзорот и веќе формирала тим од четворица советници за […]

„Увозникот на бели ноќи“ – промоција на новиот роман на Трајче Кацаров


Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска во 12 часот ќе биде промовиран новиот роман на Трајче Кацаров, насловен „Увозникот на бели ноќи“. -На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк […]

За филмот на Алмодовар во Кан се бараше влезница повеќе


Кан- Премиерата на квир вестернот на шпанскиот режисер Педро Алмодовар, со Итан Хок и Педро Паскал како измачени љубовници, доби одлични критики на Канскиот филмски фестивал и остави многумина да посакаат повеќе. 31-минутниот „”Strange Way of Life“ беше најжешката карта во градот на француската ривиера, со стотици наредени фанови под чадори на поројниот дожд, многу […]

ДКСК: Ковачевски да покаже кој го платил патувањето за децата во Вашингтон


Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска денеска во одговор на прашање дали постои сомнеж за корупција со оглед на тоа што премиерот Димитар Ковачевски ги поведе своите деца на работна средба во Вашингтон изјави дека тој треба да покаже кој го платил патувањето.  -Значи треба да покаже кој го платил патувањето бидејќи вака остава лош […]

Граѓанските обврзници нема да ги загрозат депозитите во банките, тврди Бесими


Не се очекува граѓанската обврзница да се одрази негативно врз депозитите во банките, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој во интервјуто за националната телевизија се осврна и на најавеното издавање на граѓанската обврзница, кое како што самиот информраше треба да се реализира веќе во јуни.  – Средствата од граѓанските обврзници се предвидени во Буџетот за 2023 […]

Адидас на мета на критики: Избрале маж кој ќе го рекламира костимот за капење (видео)


Новата рекламна кампања на Адидас наречена „Гордост 2023“ прикажува маж во женски едноделен костим за капење, но на многумина тоа не им се допадна. Овој костим за капење, продаден по цена од 70 американски долари (околу 126 конвертибилни марки), е едноделен модел дизајниран од јужноафриканскиот дизајнер Рич Мниси наречен „Let Love Be Your Legacy“. Беше […]

Ковачев тврди дека Пендаровски ги иницирал „црните листи“


Бугарија категорично не се однесува со Северна Македонија, како што се однесува Русија со Украина, вистината е спротивна, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во настап за бугарската „БТВ“. „Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, во јануари или февруари имал средба со нивни функционери, на која станало јасно дека тој е иницијатор на „црните листи“ со […]

„Макпетрол“ ќе учествува на медитеранското карате-првенство во Тунис


Осум членови на скопски „Макпетрол“ ќе учествуваат на медитеранското карате-првенство што од 19 до 21 мај ќе се одржи во Радес, Тунис. Клубот ќе има свои претставници и во машка и во женска конкуренција. Каратистите на „Макпетрол“ подолг временски период сериозно се подготвуваат за овој шампионат и се надеваат на добри пласмани. Конкуренцијата на медитеранското […]

Бугарски пасоши ќе добијат и првите луѓе на бугарскиот клуб во Битола


  На свечена церемонија бугарскиот претседател Румен Радев ќе им ги врачи бугарските лични документи на Љупчо Георгиевски и Благој Шаторов – претседателот и секретарот на затворениот бугарски клуб од Битола „Иван Михајлов“. Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ги потпиша указите за стекнување бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло, јавува БНТ. Пред една […]

Дојава за бомби во болници, факултети, спортски центри во Белград и Нови Сад


Во КБЦ Звездара и ВМА, како и во Зоолошката градина во Белград имало информации за подметнати бомби, пренесуваат српските медиуми. Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, стои во написите. На е-маил адресите на надлежните служби и медиумите била испратена порака […]

Вложувањата во осигурување пораснаа 19 отсто, надминаа 48 милиони евра за три месеци


Приватното здравствено осигурување и понатаму е најпопуларно доброволно осигурување со раст на продажбата од 63 отсто. Вложувањата во осигурување имот достигнаа 10 милиони евра за три месеци, а солидни растови има кај патничкото осигурување и кај каско осигурувањето на моторни возила. Вложувањата во неживотни осигурување достигнаа 3 милијарди денари (48,4 мил.евра) за првите три месеци […]

Или си или не си за ЕУ, порака на Агелер до опозицијата


  Американската амбасадорка Анџела Агелер нагласува дека движењето на Македонија на патот кон Европската унија има временска рамка, поставена од самата Унија, односно одржување на следната меѓувладина конференција, во ноември, но со усвоени уставни измени. Агелер нагласува дека или се дава поддршка или се зазема став против она што е потребно за придвижување на земјата […]

„Добри вибрации – музика и иновации“ в сабота на Школка во градскиот парк


Амбасадата на Шведска, утре, сабота, со почеток од 18 часот организира настан на Школка насловен „Добри вибрации – Музика и иновации“. Во фокус на настанот, како што наговестува и насловот, ќе бидат шведската музика и иновациите. Светските музички хитови на шведски бендови, пејачи, но и продуценти и текстописци ќе ги пренесат Диџеј Васо и познатиот скопски бенд „Бендофф“. Посетителите ќе имаат […]