„Изградете го тој ѕид“, порача Мицотакис пред изборите в недела


  АТИНА – Грчките гласачи в недела ќе одлучат дали да ја зацврстат линијата на земјата за миграцијата со продолжување на ѕидот на границата со Турција или да ја изберат левичарската опозициска партија Сириза, која усвои помек став по ова прашање. Премиерот Киријакос Мицотакис вети дека ќе ја продолжи оградата за да ја покрие речиси […]

Банкротираше фирмата за забава на Керол Мидлтон


Англија– Бизнисот со забавни производи што го започна мајката на принцезата од Велс е продаден откако падна во администрација. Party Pieces беше лансиран во 1987 година кога Керол Мидлтон бараше инспирација за петтиот роденден на нејзината ќерка Кејт. Бизнисот е купен од претприемачот Џејмс Синклер за необјавена сума. Компанијата првично беше управувана од семејниот дом […]

Смртните случаи од Ковид-19 им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот


Женева – Смртните случаи од Ковид-19 се проценува дека им скратија на луѓето ширум светот околу 336,8 милиони години живот, според новите пресметки на Светската здравствена организација кои се обидуваат да го покажат вистинскиот обем на пандемијата. СЗО припишува вкупно 14,9 милиони смртни случаи на коронавирусот само во 2020 и 2021 година. Организацијата пресметала дека […]

Сезоната на попусти во Италија се одложува заради климатските промени?


Рим – Подоцните и подолги лета и поблагите зими во Италија ги натераа двата најголеми трговци со облека да побараат сезоната на попусти да се одложи за неколку недели. Трговците со облека често ги намалуваат цените на непродадената облека за да ги испразнат полиците за претстојната сезона. За почетокот на сезонските попусти во Италија одлучуваат регионалните […]

Одбележан Денот на пчелите – да се подигне свеста за нивна заштита


Во пресрет на Светскиот ден на пчелите, Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите Нации (ФАО) ги повикува државите и поединците да направат повеќе напори за да ги заштитат пчелите и другите опрашувачи со цел да се заштитат екосистемите и да се обезбеди сигурност на храната. Пчелите, како што посочуваат од ФАО, се под голема […]

Г7 со нови санкции за руските дијаманти


Хирошима – Г7 објави планови за ограничување на трговијата со дијаманти со Русија во обид да ги намали приходите што ја финансираат тековната војна на Москва против Украина. Лидерите на земјите-членки на Г7 денеска на првиот ден од Самитот во Хирошима ги објавија новите санкции кон Русија, во обид да се намалат приходите на Москва со […]

Почна средбата на Ковачевски со лидерите од владината коалиција


 Во Клубот на пратеници почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите од владината коалиција, на која се очекува да ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.  На средбата присутни се лидерите на ДУИ Али Ахмети, ЛДП, Моника Зајкова, на ДОМ, Маја Морачанин, потпретседателката на […]

Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет


Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај.  Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите […]

Весна Дамева поднесе тужба до Управниот суд за нејзиното разрешување


  Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе тужба до Управниот суд со која ја оспорува законитоста на донесената одлука за нејзиното разрешување.  „Имајќи ја предвид мојата заложба за владеење на правото, како и дека секоја незаконитост треба да се испита и утврди во постапка и на начин согласно со закон, поднесов тужба до […]

Марија Габриел собира поддршка од партнерите на ГЕРБ, но гласовите не се доволни


  Мандатарката за состав на бугарската влада, Марија Габриел, ја осигура поддршката на две парламентарни партии, но нивните гласови се недоволни за мнозинство. Таа се потпира на старите партнери на ГЕРБ поради кои пред две години масовно протестираа Бугарите. Денеска ДПС, партијата на Турците во Бугарија, официјално објави дека ќе го поддржи кабинетот на ГЕРБ […]

По кусо боледување почина д-р Димитар Кафтанџиев


Проф. д-р Димитар Кафтанџиев бил раководител на тимот, кој пред 50 години, на 30. мај 1973 година ја извршил првата операција на отворено срце во државава. Извршувал повеќе општествено-стручни и раководни функции. Бил продекан на Медицинскиот факултет во Скопје, директор на клиниката за торако-васкуларна хирургија, како и директор на Хируршките клиники при Медицинскиот факултет во […]

Светската гудачка атракција „Бонд“ по Скопје, со ексклузивен концерт во Струмица на 20 мај


По концертот на „Охридско лето“ во 2013 година, гудачкиот квартет од Велика Британија- Бонд, доаѓа во Македонија, со ексклузивен концерт во Струмица на 20 мај, со капацитет од само 600 влезници.  Вечерва, атрактивните музичарки имаат настап во Македонската филхармонија, во 20 часот.  „После голем број критики дека освен во Скопје и на лето во Охрид […]

„Ферари“ донираше еден милион евра помош за поплавените подрачја


 Италијанската Формула 1 екипа Ферари ѝ донираше на Агенцијата за територијална безбедност и цивилна заштита на областа Емилија – Ромања еден милион евра помош за поплавените подрачја. Обилните поплави усмртија најмалку 13 луѓе, а илјадници се евакуирани во северната италијанска област Емилија – Ромања. Дури 23 реки се излеаја од коритата, а повеќе 400 патишта […]

Изјава на претседателката на работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска (видео)


Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот, денеска одржa седница на која на дневен ред е усвојување на деловникот за работa.  

Кои се руските манири на Бугарија што ги препозна Ковачевски?


Бугарските политичари тргнаа во нова серија провокации, откако премиерот Димитар Ковачевски на меѓународна сцена, на самитот на Советот на Европа, им порача дека кон Македонија се однесуваат како Русија кон Украина, посочувајќи дека земја која во континуитет и со години добива пресуди од Стразбур за непочитување на правата на македонското малцинство нема кредибилитет да нѐ […]

Стив Аоки ја предводи листата учесници на Охрид колинг 2023


Прославениот американски диџеј и продуцент Стив Аоки ја предводи листата учесници на годинашното издание на Охрид колинг. Фестивалот на електронската музика, што го организира „Авалон продукција“, ќе се одржи од 31 јули до 3 август во охридската касарна. Како други главни ѕвезди се најавени босанско-шведскиот диџеј Салваторе Ганачи, Данецот Мортен и Англичанецот Џонас Блу, за […]

ДПМ ќе воведува награда „Горан Стефановски“ за стимулација на домашното драмско творештво


  Во Штип, во организација на Центарот за култура „Ацо Шопов“ вчера се одржа трибина на тема „Националниот театар и националната драма“ на која дебатираа Христо Петрески, Гоце Ристовски, Катерина Петровска Кузманова, Мишел Павловски, Кристина  Николовска и Тодор Кузманов. Во изјавата за нашиот медиум дадена по завршувањето на овој настан, Христо Петрески, претседател на Друштвото […]

Матурантите танцуваат на плоштадот „Македонија“


На скопскиот плоштад „Македонија“ денеска се одржува манифестацијата „Матурска парада“ со учесници од државава и од Словенија, Србија, Словачка, Црна Гора и Унгарија со педесетина градови. Од Дирекцијата за култура и уметност – Скопје информираа дека од нашата земја учествуваат матурантите од градовите Скопје, Гевгелија, Охрид и Струга. Вкупната бројка на обучени матуранти во Скопје […]

Софија го обвини Ковачевски за цинизам


  Не престануваат реакциите во Бугарија по оценката на премиерот Димитар Ковачевски на самитот на Европа во Рејкјавик за однесувањето на Софија спрема Македонија. Во официјалната реакција на Министерството за ндворешни работи се вели дека „секоја аналогија со страдањето на украинскиот народ во сегашната неоправдана војна на Русија е цинична и неприфатлива“. Ковачевски на самитот […]

„Најсреќниот човек на светот “ на Теона С. Митевска го освојува и Кан


Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска ќе биде прикажан на Канскиот филмски фестивал во програмата на Cannes Cinema. Оваа програма е наменета за љубителите на седмата уметност и нуди преглед на Канскиот филмски фестивал, но и филмови кои имаа успешни проекции на други фестивали, но и успешна дистрибуција. Споменатиот филм повторно ќе […]