Се прават последни анализи за враќање на евтината струја


Се прават последните анализи за враќање на евтината дневна тарифа за струјата, но неизвесно е што ќе се случува со ДДВ-то за електрична енергија. Министерот Бектеши во следните денови  со првиот човек на РКЕ ќе ги договорат деталите. Бислимовски пред извесно време најави враќање на евтината струја преку ден. Се разгледува опцијата цената на струјата […]

„Договорот со ‘Бехтел и Енка’ е фер“: Интервју со Дарко Спироски од ИРД, фирмата за надзор


  Дарко Спироски е првиот човек на „ИРД инженеринг“ во Македонија, фирмата која ќе го врши надзорот врз градењето на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, кои ги изведува американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Самиот договор, но и измените на неколку закони кои што се во Собранието, а се поврзани со реализирање на проектот, […]

Ковачевски: Сите сме за ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ многу бргу треба да донесе одлука


  Премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска средба порача дека коалицијата е стабилна и дека сите дале поддршка за европскиот пат на Македонија, порачувајќи дека возот тргнал и ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или уште еднаш нема да учествува во стратешка одлука за Македонија, од што ќе се […]

Фолксваген го продаде сиот имот во Русија


Берлин – Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија. Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се додава во соопштението. Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга. Руски медиуми претходно оваа недела соопштија дека Фолксваген […]

Филхармонија со „Тешкото“ протестираше пред Владата


Со изведба на „Тешкото“ од Глигор Смокварски денеска вработените во Македонска филхармонија одржаа протест пред Владата, поради одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на оваа институција.  Претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски на протестот упати апел за средба со премиерот Димитар Ковачевски за побрзо надминување на овој проблем. Фото/ МИА […]

Берлускони по месец и половина ја напушта болницата во Милано


Милано – Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми. Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкото одделение по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“. Осумдесет и шестгодишниот Берлускони беше во болница поради воспаление на белите дробови, а при […]

Ковачевски нема да дава оставка ако не успеат уставните измени


  Премиерот Димитар Ковачевски не размислува да поднесе оставка ако не успее да ги испорача уставните измени до ноември. Тој забележа дека Владата има мандат да управува со државата, а за уставните измени е потребно двотретинско мнозинство, сугерирајќи дека за таа одлука одговорност ќе сносат сите што нема да ја поддржат или ќе ја болкираат. […]

Среда е неработен ден – се слават Св. Кирил и Методиј


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2023 година (среда) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.   Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани […]

Доаѓа летото, а украинската пролетна офанзива ја нема. Зошто?


  Со месеци, западните сојузници испорачуваа системи за оружје и муниција во вредност од милијарди долари во Украина со итност да ги достават залихите до Киев навреме за очекуваната пролетна контраофанзива. Сега летото е само неколку недели. Додека Русија и Украина се фокусирани на интензивна битка за Бахмут, украинската пролетна офанзива допрва треба да започне. […]

(Галерија) Матурантите танцуваа: Сакајте се, не бидете насилни!


На матурската парада 2023 која се одржа на плоштадот во Скопје, паралелно со одржувањето на истата манифестација во 50тина други градови од Централна и Источна Европа, министерот за образование и наука Јетон Шаќири на матурантите им посака многу среќа и успех понатаму во животот, очекувајќи како што рече, сегашните генерации да бидат предводници на нови […]

Зеленски ги повика арапските лидери да не „замижуваат“ на страдањето на Украина


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на арапските лидери на самитот во Џеда, Саудиска Арабија, дека „тука меѓу вас“ има луѓе кои „замижуваат“ пред страдањето на Украина, повикувајќи ги „да погледнат искрено“. Сирискиот претседател Башар ел Асад присуствуваше на самитот на Арапската лига за прв пат по една деценија и беше виден пред камерите […]

Новиот директор на Биро за метрологија: Мислев дека тоа е наука за времето


Авдуљ-Селам Селами, кадар на ДУИ и поранешен заменик-директор на УЈП, денеска како нов директор на Биторот за метрологија, институција под надлежност на Министерството за економија за работа со мерни инструменти за контрола на квалитет, се обрати по повод Светскиот ден на метрологијата. Тој рече дека порано пред да стапи на функција си мислел дека оваа […]

Сообраќаен режим, во недела, околу амбасадата на САД


На 21.05.2023 (недела) со почеток во 8 часот, од страна на Министерството за внатрешни работи, во координација со Амбасадата на САД, ќе се спроведе оперативно-тактичка вежба, при што од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе се преземат мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, за сообраќај ќе бидат затворени […]

Исечени кабли на Железничкиот мост во Карпош, Град Скопје го пријави сторителот


Градот Скопје заедно со општина Карпош денеска поднеле пријава против непознат сторител поради оштетување на јавен имот и саботажа откако на таканаречениот „Железнички Мост“ на булеварот „Васил Чакаларов“, во општина Карпош, во текот на вечерта намерно се исечени и оштетени електрични и комуникациски кабли. -Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана […]

Студенти од АУЕ – ФОН ќе работат во Општина Аеродром


Американскиот универзитет на Европа – ФОН и Општина Аеродром денеска потпишаа Меморандум за соработка, со што една од најголемата единица на локална самоуправа на територија на Град Скопје се вклучува како партнер во кампањата на Универзитетот „20 години,  200 компании, 2000 стипендии“. Со Меморандумот, кој го потпишаа генералниот директор и основач на АУЕ – ФОН, […]

Ќе се носи одлука дали ќе има ново замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот


Владата ќе прави анализа за цените на овошјето и зеленчукот и врз основа на тоа ќе донесе одлука дали ќе ја продолжи мерката со замрзнување, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Одговарајќи на новинарски прашња по настанот на кој се одбежела Светскиот ден на метрологијата – 20 мај, тој повтори дека кризата нема да […]

Њујорк тоне под тежината на огромните облакодери


  Њујорк делумно тоне поради извонредната тежина на неговите вртоглави згради, влошувајќи ја заканата од поплави што ја изложуваат метрополата од зголемените мориња, покажа новото истражување. Големото јаболко можеби е градот кој никогаш не спие, но тој е град кој секако тоне, спуштајќи се за приближно 1-2 мм секоја година во просек, при што некои […]

Мајли Сајрус прозборе за „Вог“: Многу ме судеа како детска ѕвезда


Лондон- Многу контроверзии ја следеа Мајли Сајрус во текот на нејзината кариера – но таа повеќе одбива да се обвинува себеси. Во новото интервју за британскиот Вог, кантавторката на „Цвеќиња“ се отвори за своето патување од детската ѕвезда до денес и за тоа како се чувствувала виновна за моментите во нејзината кариера кои наидоа на […]

Цаца Николовска: Едногласно усвоен Деловникот – дефиниран фокусот на уставните измени


Работната група што треба да ја подготви предлог-иницијативата за измени на Уставот денеска едногласно го усвои Деловникот за работа, кој утре или задутре ќе биде објавен на сајтот на Министерството за правда. Претседателката на Работната група, Маргарита Цаца Николовска по завршувањето на состанокот изјави дека оценува оти донеле добар Деловник, кој дефинира што ќе работат […]