Битка за танц во Ист Гејт Мол


Во Ист Гејт Мол денеска ќе се одржи танцова битка на која се најавени над илјада танчери коишто ќе се натпреваруваат за Европското првенство во танци 2023. Организаторите информираат дека учесниците ќе ги прикажуваат своите таленти во различни жанрови како што се хип-хоп, современи, брејкденс и многу повеќе. – Веруваме во промовирање и славење на различни […]

Избори 2018 и 2023: Дали е променета политичката мапа помеѓу Ердоган и опозицијата?


  Ал Џезира ја анализира актуелната политичка сцена по неделните претседателски и парламентарни избори во Турција и ја споредува со претходните избори во 2018 година. Турција ја чека втор круг претседателски избори на крајот на мај, на кои ќе избираат меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговиот ривал Кемал Киличдароглу, бидејќи ниту еден од нив […]

20 мај во историјата – Леви Штраус и Џејкоб Дејвис добија патент за сини фармерки


  На 20 мај 1873 година, бизнисменот од Сан Франциско Леви Штраус и кројачот Џејкоб Дејвис од Рено, Невада, добија патент да создадат работни панталони засилени со метални нитни, означувајќи го раѓањето на една од најпознатите облеки во светот: сините фармерки. Во Сан Франциско, Штраус основал бизнис со суви производи на големо под свое име […]

Времен режим на сообраќај на улицата „Даме Груев“ во Центар


Поради асфалтирање на коловозот со втор слој асфалтна маса на ул. „Даме Груев“ во насока на движење од крстосницата со улица „Димитрие Чуповски“ до улица „Македонија“, во периодот од 8 до 15 часот, ќе биде воведен времен режим на сообраќај. Како што информираат од ЈП Улици и патишта Скопје, времениот режим ќе биде обележан со […]

Русија потроши две третини од своите ракети во Украина


  Украинската воздушна одбрана научи успешно да ги одбива руските ракетни напади со помош на системи обезбедени од Западот. Од крајот на април, Русија продолжи со масовното гранатирање на градовите, но тие не беа толку големи како минатата есен. Причината можеби е тоа што на Русија ѝ остануваат сѐ помалку проектили. Откако ги потроши бесцелно […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност


 Времето денеска во земјава ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и […]

Путин го нарече Западот „идиоти“


  Откако загуби 200 илјади луѓе убиени и ранети во војната (според западните податоци), загуби 300 милијарди долари во златни и девизни резерви и секоја втора рубља од приходите од буџетот за нафта и гас, претседателот Владимир Путин изјави дека противниците на Русија се луди. „Нашите противници, луѓето со неоколонијално размислување, се навистина идиоти“, рече […]

Холестерол: Кој може да го регулира со исхрана, кому му требаат лекови?


Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност, а еден од главните фактори на ризик е покачениот холестерол. Докторката Катарина Лалиќ советува што треба да се направи за да се избегнат сериозни здравствени проблеми. Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за смртност во светот и одземаат повеќе животи од која било форма на малигнитет заедно. Еден од […]

Месото од лабораторија може да биде 25 пати полошо за климата од говедското


Месото произведено во лабораторија од култивирани клетки може да биде 25 пати полошо за климата од обичното говедско месо. Лабораториски одгледувано или „култивирано“ месо се добива со одгледување на животински матични клетки во средина богата со хранливи материи. Многумина претпоставуваат дека тоа би можело да биде похумана и позелена алтернатива на традиционалното месо бидејќи се […]

Русија изгуби 50.000 научници само во последните пет години


Висок член на Руската академија на науките (РАС) изјави дека Русија изгубила 50.000 научни истражувачи во последните пет години. „Главниот проблем во Русија е следниот: во изминатите пет години, само Русија, ниту една друга земја, изгуби толку многу луѓе кои работат во научната област. Русија загуби 50.000 луѓе“, рече на состанокот потпретседателот на РАС, Валентин […]

Запленети пури и тутун во вредност од над еден милион денари


Инспектори од Секторот за контрола и истраги на Царинската управа во две посебни истраги спроведени вчера и денеска, запленија 200 парчиња луксузни пури и 220 килограми тутун во вкупна вредност од 1.200.000 денари, известуваат од Царинска управа. Од Царинската управа информираат дека со ова е спречен обид на пуштање во слободен промет на акцизна стока […]

Доделени 67 договори за локални манифестации, саеми и фестивали


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска свечено ги додели договорите за финансиска поддршка за организација на локални манифестации, саеми и фестивали. Оваа година, пристигнаа рекордни 89 апликации. Од нив 67 ги исполнија условите и добија догвори за организација  на настани, од кои дел ќе се одржат за прв пат со наша поддршка, […]

Во тетовско Камењане почна со работа фабрика за производство на бакарни жици и цевки


  Со пригодна свеченост беше означен почетокот на работа на фабрика за производство на чист бакар, бакарни жици и бакарни цевки во тетовско Камењане, на која присуствуваа претставници на Владата, општините и други институции. Компанијата „Мултипарк Изаири“ е во сопственост на браќата Нухи и Неби Изаири од селото Камењане кои ја изградиле фабриката по повеќе […]

Замјотрес од 4,1 степен во Тузла, почувствуван и во Хрватска


Се стресе градот Тузла и околината. Босна и Херцеговина(БиХ) попладнево ја погоди земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 17 километри од Тузла, односно 13 километри од Лукавац. Нема информации за повредени или причинета материјална штета. Земјотресот бил почувствувн и во делови од Хрватска. Земјотреси денеска имаше во Грција, Албанија, […]

Голем интерес за влезниците за ОИ во Париз


 Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз предизвика голем интерес меѓу љубителите на спортот во Франција и ширум светот, соопштија организаторите, посочувајќи дека на лотаријата се пријавиле повеќе од четири милиони луѓе, а само во првите два дена биле продадени повеќе од еден милион билети. Втората фаза, во која во […]

Малолетник со пиштол ограбил ученик во училиште во Скопје


Полициски службеници од Полициската станица Чаир денеска во 11.20 часот во двор на основно училиште на подрачје на Чаир привеле малолетник. МВР информира дека тој претходно со закана со пиштол одзел пари од друг малолетен ученик во училиштето. -Со малолетникот бил извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, […]

ChatGPT отсега и како мобилна апликација


Компанијата „Опен АИ“ лансираше апликација за ChatGPT, но само за уредите кои работат на оперативниот систем iOS, најавувајќи дека Андроид верзијата ќе пристигне наскоро. Како што пренесува „Врџ“, апликацијата е бесплатна за симнување и користење и истата ја синхронизира историјата на разговор помеѓу повеќе уреди. Апликацијата нуди можност и за гласовно внесување, со поддршка на моделот за […]

Млад маж починал на улица во Кисела Вода


Вчера во 10.17 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ бил пронајден починат Б.А. (37) од Скопје. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода. По наредба на […]

Ѓукановиќ: Останувам во политиката


Цетиње – Мило Ѓукановиќ, претседателот на Црна Гора во заминување, денеска изјави дека ќе остане во политиката и дека никој не може да ги оспори неговите резултати и историското значење, како и дека ќе биде „почесен претседател на Црна Гора“. – Нема вечна влада, вечна е само Црна Гора, рече Ѓукановиќ на прес-конференцијата во Цетиње, со […]

Бајден одобри обука на украинските пилоти со Ф-16 од четвртата генерација


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден одобри планови за обука на украински пилоти на борбени авиони Ф-16 од американско производство, изјавија извори за американски медиуми. Бајден ја донесе одлуката откако разговараше со сојузниците на самитот на Г7 за тоа како да се зајакне поддршката за Киев против руската инвазија. Според изворите, кои сакале да останат анонимни, […]