Дојава за бомби во болници, факултети, спортски центри во Белград и Нови Сад


Во КБЦ Звездара и ВМА, како и во Зоолошката градина во Белград имало информации за подметнати бомби, пренесуваат српските медиуми.

Во тек е евакуација на јавните и спортските институции, трговските центри и факултетите во Нови Сад поради дојави за поставени бомби, стои во написите.

На е-маил адресите на надлежните служби и медиумите била испратена порака во која се вели дека „Бомбите се темпирани да се активираат денеска, во текот на утрото и рано попладне“.

Полицијата е на терен и врши увид во објектите.

Пред два дена, во 115 училишта во белград стигнаа лажни дојави за бомби, наставата беше прекината, а учениците испратени дома.