Почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски


На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство. Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), […]

Историска одлука на Европскиот парламент против уништувањето на шумите


Европскиот парламент во средата (19-ти април) гласаше за значајна регулатива за да се осигури дека производите што се продаваат во ЕУ не доаѓаат од обесшумена или деградирана земја. Регулативата на ЕУ за производи без уништување на шумите се однесува на говеда, какао, кафе, палмино масло, гума, соја и дрво. Исто така, опфаќа производи како кожа, […]

„Аспекти на камерниот театар“ – објавена книгата од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски


Објавена е книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски која, како што наведуваат авторите, толкува тема што недоволно е истражувана во современиот театар на глобален план. -Во најголема мерка се однесува на современиот македонски театар повикувајќи се најмногу на примери од Меѓунаародниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, но и од […]

Просечната нето-плата во февруари изнесувала 33.720 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2023 година, изнесувала 33.720 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Во споредба со февруари минатата година, има зголемување на нето-платата по вработен за 13 отсто. „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (21,3 %), информации и […]

Град Скопје треба да експроприра 285 имоти за продолжување на булеварот „АСНОМ“


Град Скопје соопшти дека нивни екипи активно работат на терен со цел расчистување на трасата од објекти кои се наоѓаат на трасата за продолжување на булеварот „АСНОМ“ низ Керамидница. Од Град Скопје посочуваат дека на трасата за новиот булевар кој е продолжение на мостот, се наоѓаат вкупно 285 имоти и објекти кои се експроприраат. -Интензивно […]

Измените на Законот за минерални суровини го поминаа комисискиот филтер


Собраниската Комисија за економски прашања не ги прифати четирите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП за измените на Законот за минерални суровини, во скратена постапка. Ова е прв од осуммте закони поврзани со Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д со „Бехтел и Енка“. И ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Балковски од ВМРО-НП имаа поднесено по […]

Тројца работници повредени во експлозија во погон во Железара


Тројца работници се повредени во експлозија што се случила синоќа во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара во Скопје. МВР соопшти случајот бил пријавен околу 00:20 часот. Во експлозијата се повредени Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, К.Ф.(29) од с.Мојанци, и Р.С.(33) од с.Долно Количани. Тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска […]

Ковачевски-Нехамер: Имаме огромна поддршка за евроинтеграцискиот процес


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Виена, во рамки на дводневната работна посета, оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Карл Нехамер. Тие разменија  ставови и информации за актуелните состојби и предизвици со кои се соочуваат европските земји, како и последиците од економско-енергетската криза. Премиерот Ковачевски го запозна австрискиот канцелар со актуелните внатрешно политички случувања во Македонија […]

Се степале пациенти на психијатриската болница во Бардовци, па се изболе со нож


Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци се степале по што едниот употребил и нож. Неофицијално, инцидентот се случил во т.н. затворски дел на установата. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на негово расчистување. Од полиција велат дека пациентот што употребил нож е 37-годишник од Велес. Избодениот е 33 години од Неготино. Двајцата се […]

Бензема уште една година во Реал Мадрид


Францускиот голгетер Карим Бензема ќе остане во редовите на актуелниот европски првак Реал Мадрид уште една година, јавија денеска шпанските медиуми. Како што објави весникот Ас, повикувајќи се на високо позициониран извор од Реал, деталите околу продолжување на соработката се договорени и Бензема ќе остане во Мадрид до крајот на сезоната 2023/24. Бензема (36) дојде во Реал од Лион во […]

Приватното богатство на кралот Чарлс се проценува на 1,8 милијарди фунти


Лондон – Британскиот крал Чарлс Трети наследил имот кој го зголемил неговото богатство на речиси две милијарди фунти според опсежните истражувања и анализи на британскиот весник „Гардијан“. Богатството на кралот вклучува автомобили, накит, имот, инвестиции, коњи, ретки поштенски марки, уметнички дела и наследен имот. Личното богатство на монархот е главно скриено од јавноста и не […]

Бугарија очекува летово да пречека за пет отсто повеќе туристи отколку во 2019 година


Податоците и информациите што ги добиваме за претстојната летна сезона се позитивни и очекуваме да ја надминеме 2019 година со раст од пет проценти, изјави денеска министерот за туризам Илин Димитров, во одморалиштето Албена. Тој појасни дека тоа била и главната задача на министерството – да се стабилизира секторот и да има раст. Туристичкиот сектор […]

Договорот со „Бехтел и Енка“ ќе биде презентиран пред пратениците кои имаат безбедносен сертификат


  Документацијата и деталите од договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10д ќе биде презентиран во Собранието со соодветна процедура. Ова го соопшти Владата по големата дебата што се отвори во јавноста. Од Владата велат дека целта е пратениците да се запознаат со содржината и сите детали од договорот […]

Ивица Осим доби улица во родното Сараево


Сараево- Легендарниот југословенски тренер Ивица Осим доби улица во родното Сараево, во близина на стадионот Железничар, клубот во кој израсна како играч, а подоцна беше и шеф на стручниот штаб. Улицата Зворничка со одлука на седницата на Собранието на Сараево е преименувана во булевар „Ивице Осима“. На таа улица се наоѓа и стадионот Грбавица, во […]

(Видео) Премиерот Ковачевски во работна посета на Виена, Австрија


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска  ќе биде во работна посета на Виена, Австрија.    Во рамки на работната посета, премиерот Ковачевски ќе оствари тет-а-тет средба со австрискиот канцелар, Карл Нехамер. По завршувањето на средбата, Премиерот Ковачевски и канцеларот Карл Нехамер ќе одржат заедничка прес-конференција.  

Меѓу два ѕида на Санторини: Едно погрешно свртување и… голем проблем


  Возењето на нови локации може да биде стресно, особено кога сте на одмор. Непознавањето на патот, знаците и сообраќајните прописи во странска земја може да доведе до конфузија, тешкотии и, за жал, повеќе од само едно погрешно свртување, како што доживеа еден турист во Грција минатиот петок. Возачот на малиот автомобил „нисан микра“ се […]

Експлозија во погон на фабрика: Повредени тројца вработени


Денеска, околу 00.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во погон на фабрика во кругот на поранешна Железара настанала експлозија. При тоа со повреди се здобиле вработените Р.Ѓ.(41) од с.Студеничани, Скопско, К.Ф.(29) од с.Мојанци, Скопско и Р.С.(33) од с.Долно Количани, Скопско.

Поглаварот на ИВЗ, Фетаи упати честитка на по повод Рамазан (Фитр) Бајрам


По повод утрешниот празник Рамазан (Фитр) Бајрам честитка до верниците од исламска вероисповед упати поглаварот на ИВЗ, реисул улема, Шаќир Фетаи, со желби и „молејќи се на Семоќниот Алах да ги прифати со Неговата милост сите наши молитви, нашиот пост, сите наши дела направени во свет месец“. – Во овие среќни денови Рамазанската школа нè […]

Сопругата на заменикот на Сергеј Шојгу се луксузира низ Европа како да нема санкции


„Ова е Светлана Маниович Иванова. Таа е вашиот водич во светот на екстремниот руски гламур. Таа зрачи со богатство. Дијаманти, крзна, Ролс Ројс – таа има се повеќе. Во лето можете да ја најдете во Сент Тропе каде што изнајмува вила за 150 илјади евра месечно, или на јахта во Неапол“. Ваков пост на Твитер […]

Работел во фабрика во Илинден и бил погоден од залутан куршум


  Во средата, во 16.10 часот во СВР Скопје, И.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 18.04.2023 околу 20.50 часот на работно место во фабрика во населбата Илинден се здобил со повреда од залутано зрно. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а зрното било пронајдено и подигнато за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за […]