Ивица Осим доби улица во родното Сараево


Сараево- Легендарниот југословенски тренер Ивица Осим доби улица во родното Сараево, во близина на стадионот Железничар, клубот во кој израсна како играч, а подоцна беше и шеф на стручниот штаб.

Улицата Зворничка со одлука на седницата на Собранието на Сараево е преименувана во булевар „Ивице Осима“.

На таа улица се наоѓа и стадионот Грбавица, во чија близина е роден, израснат и ја започна својата фудбалска кариера . Покрај тоа, со Железничар настапуваше за Стразбур, Цволе, Седан и Валенсиен.

За репрезентацијата на Југославија настапи и на 16 натпревари на кои постигна осум гола.

Како тренер од 1978 до 1986 година ги водеше Жељезничар од клупата, потоа Партизан (една сезона), Панатинаикос, Штурм (осум години), јапонскиот Џеф Јунајтед, а селектор на југословенската репрезентација беше од 1986 година до распадот на ЈУ, а потоа на Јапонија. Осим почина на 1 мај 2022 година на 81-годишна возраст.