Создаваме се повеќе отпад, лани сме имале 856.766 тони, 467 килограми по жител


Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856.766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3,3 отсто повеќе од 2021 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2022 година изнесува […]

Во високото образование има 3.166 наставници и 1.330 соработници


Во високообразовните установи во академската 2022/2023 има 4.496 наставници и соработници, соопшти Државниот завод за статистика. Од вкупниот број, 3.166 или 70.4 проценти се наставници и 1.330 т.е. 29.6 отсто се соработници во наставата. -Бројот на наставнички и соработнички во учебната 2022/2023 година е 2.252 или 50,1 отсто, наведува ДЗС во објавата.

Сообраќаен режим во центарот на Скопје поради реконструкција на ул. „Даме Груев“


ЈП Улици и патишта-Скопје информира дека денеска и утре од 8 до 15 часот привремено ќе има режим на сообраќај во дел од центарот на Скопје поради реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ односно машинско гребење на оштетениот асфалт. Како што соопшти претпријатието, привремениот режим на сообраќај ќе биде воведен на ул. „Даме Груев“ […]

„Неизложени дела на хартија“ – изложба на Сергеј Андреевски во Грција


Самостојна изложба на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски насловена „Неизложени дела на хартија“ ќе биде отворена вечер со почеток во 19 часот галеријата на Општината Каламариа во Солун, Грција. Андреевски за поставката посочува дека таа на некој начин, е продолжение на големото ретроспективно претставување со наслов „ХАРТИИ“ што се случи минатиот мај, во Музејот на […]

„Луфтханза“ викендов ја стартува авиолинијата Скопје – Франкфурт


 На Меѓународниот aеродром Скопје, во недела ќе биде промовирана новата авиолинија Франкфурт-Скопје на германската „Луфтханза“, со што и ќе се означи влезот на оваа авиокомпанија на македонскиот пазар. Како што информираат од ТАВ Македонинија, отворањето на новата линија ќе биде одбележано со слетување на првиот авион на Луфтханза од Франкфурт на скопскиот аеродром. Предвидено е […]

Бесплатен паркинг на дел од паркиралиштата во Скопје


Јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, денеска на празникот Рамазан Бајрам ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата, информира ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање – без наплата. Јавните паркиралишта, […]

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам


Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување. Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. […]

Сончево со мала до умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во западните делови, ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени. Во Скопје сончево со […]

Холандскиот пратеник за Украина поднесе оставка поради изјавата дека Украинците се Руси


Дипломатот Рон ван Дартел, кој беше назначен пред помалку од три недели да го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка поради неодамнешната изјава дека Украинците се Руси. Ван Дартел, поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што ги дал на авторот на една нова книга. – Украинците исто така се Руси. […]

Завршија ненадејните вежби на руската флота во Пацификот


 Руската војска денеска соопшти дека ги завршила ненадејните вежби на својата флота во Пацификот, најавени минатата недела, а одржани во услови на зближување со Кина и тензии со Западот. – Ненадејните вежби го потврдија високото ниво на воена подготвеност на Пацифичката флота за исполнување на мисии насочени кон одбивање на агресија од можен непријател, соопшти […]

На Јувентус му се вратени одземените 15 бода, но одлуката не е конечна


По жалбата до Федералниот суд, на Јувентус му беа вратени 15-те одземени бодови, а торинскиот тим сега се искачи на третото место во Серија А со 59 бодови. Сепак, таа одлука се уште не е конечна бидејќи ќе се одржи ново судење. Така, се уште не се знае дали Јувентус трајно ќе ги задржи тие […]

Вучиќ за изборите во Косово: Ќе биде тежок ден за српскиот народ и страшен ден за демократијата


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави вечерва дека недела, кога во Приштина ќе се одржат избори на северот на Косово и Метохија, на кои Србите нема да учествуваат, ќе биде ужасен ден за демократијата и тежок ден за српскиот народ. Тоа, додаде, ќе биде ден кој ќе биде срам на светот и Европа и срам на […]

Вибер воведува претплата


Aпликацијата за пораки Viber одлучи да воведе претплата. Апликацијата Viber одлучи да воведе претплата наречена Viber Plus, а Црна Гора е првата земја во светот која добива премиум услуга за 1,99 долари месечно. Претплатата вклучува користење на апликацијата без реклами, пристап до платени налепници, промена на иконата на апликацијата и техничка поддршка во живо. Идните […]

Киргистанскиот претседател е против преминот кон латиница


Киргистанскиот претседател Садир Жапаров се изјасни против преминувањето од кирилица на латиница, проект поддржан од Турција кој привлече повторно внимание на јавноста од почетокот на руската инвазија врз Украина. Како што пренесе БТА, прашањето за преминување кон латиница останува чувствително прашање во поранешната советска република, каде рускиот јазик сè уште има статус на официјален, заедно со киргистанскиот. […]

Специјалци прават претрес во Идризово


Претреси од специјалната едница на МВР попладнево се прават во затворот „Идризово“, јави Телевизија 24. Според информацијата, од страна на специјалците се блокирани  сите влезови и излези на полуотвореното и отвореното одделение, односно новиот дел на затворот. Претресот е во тек, но според информациите од терен станува збор за рутинска проверка на затворот. 

Амбасада на САД: „Бехтел“ не е државна фирма


    „Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада“, пишува во одговорот на амбасадата на САД во Скопје за Алфа ТВ во однос на договорот на Владата на Северна Македонија со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10-д. Понатаму во […]

Бљерим Османи назначен за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово


Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово, откако министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши досегашниот организациски директор Арменд Фазљиу по случувањата со анестезиологот Ваљтон Дервиши вработен во оваа болница кој на социјалната мрежа Тикток објави видео во живо од тетовска Гинекологија. Османи за неговото именување соопшти на својот Фејсбук профил, […]

Британската полиција заплени над еден тон кокаин во каналот Ла Манш


Лондон – Британската гранична полиција заплени повеќе од еден тон кокаин во водите на Ла Манш, соопшти денеска британското Министерство за внатрешни работи. Британската полиција откри голем број предмети кои плутаат на површината на водата, по што биле однесени во пристаништето Довер, каде тестовите потврдиле дека се работи за повеќе од еден тон кокаин. Дрогата се […]

„Максим“ ја избра Ешли Грем за најсексапилна жена на светот во 2023 година


Лос Анџелес- Ешли Грем е најсексапилната жена на светот во 2023 година, според магазинот „Максим“. „Максим“ традиционално ја објавува својата годишна листа Hot-100 најуспешни и најубави жени во индустријата за забава, спортот и поп-културата. Годинава, на врвот ја ставија Ешли Греам, едно од најпознатите имиња во движењето „плус сајз“. Како една од причините зошто „плус […]

Загина велосипедист во Гостивар, удрен од камион мешалка


Едно лице почина во денешната сообраќајна несреќа која случила на крстосница во Гостивар. Идентитетот на настраданиот не е познат.   Според СВР Тетово, околу 15:30 часот  денеска било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосницата на улиците „Гоце Делчев” и „Беличица” во Гостивар. Според пријавата, товарно моторно возило „ман” со мешалка за бетон управувано од […]