На Јувентус му се вратени одземените 15 бода, но одлуката не е конечна


По жалбата до Федералниот суд, на Јувентус му беа вратени 15-те одземени бодови, а торинскиот тим сега се искачи на третото место во Серија А со 59 бодови. Сепак, таа одлука се уште не е конечна бидејќи ќе се одржи ново судење.

Така, се уште не се знае дали Јувентус трајно ќе ги задржи тие бодови или пак ќе бидат одземени следниот месец. Постои и можност судењето да се пролонгира и по завршувањето на оваа сезона, па евентуалната казна би важела дури следната сезона.

Процесот против Јувентус беше отворен поради наводни финансиски малверзации во клубот. Самиот процес беше и причина за заминување на менаџерскиот тим на клубот. Јувентус беше обвинет дека користел лажен капитал во финансиските книги и плаќал играчи под маса за време на пандемијата на Ковид.

Одлуката е од големо значење во борбата за Лигата на шампионите.

Судот ги прифати и жалбите на поранешниот потпретседател на клубот Павел Недвед и петте членови на бордот на директори на Јувентус, но не и поранешниот претседател Андреа Ањели и поранешните директори Фабио Паратичи, Маурицио Аривабене и Федерико Черубино.

Јувентус со вратените бодови се искачи на третото место на табелата со 59 бодови, два помалку од второпласираниот Лацио и три од третопласираната Рома. Заедно со Рома, Јувентус ги прескокна и Милан, Интер и Аталанта и со тоа барем привремено Милан испадна од позициите кои водат во Лигата на шампионите.