Работел во фабрика во Илинден и бил погоден од залутан куршум


Фото: Б. Грданоски

 

Во средата, во 16.10 часот во СВР Скопје, И.Р.(42) од Скопје пријавил дека на 18.04.2023 околу 20.50 часот на работно место во фабрика во населбата Илинден се здобил со повреда од залутано зрно.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје, а зрното било пронајдено и подигнато за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.