Се степале пациенти на психијатриската болница во Бардовци, па се изболе со нож


Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци се степале по што едниот употребил и нож.

Неофицијално, инцидентот се случил во т.н. затворски дел на установата. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на негово расчистување.

Од полиција велат дека пациентот што употребил нож е 37-годишник од Велес. Избодениот е 33 години од Неготино. Двајцата се лекувале во психијатриската болница.