Промовиран Прирачник за поддршка на родители на деца со пречки во развојот
Со промоција на Прирачникот за поддршка на родители на деца со пречки во развојот, денеска во Скопје заврши дводневниот Логопедско-дефектолошко-психолошки конгрес, во организација на Гаспар – Центар за психофизичко здравје. Автори на прирачникот се Фики Гаспар, Бојан Богдановски и Олга Јотовска. Издавач е Фики Гаспар, уредник Бојан Богдановски и спонзор Центарот за психофизичко здравје „Гаспар“. […]