Меркел загрижена за Украина: „Направив сè за да спречам избувнување на војна“


Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел изјави дека ги искористила сите можни средства што и стојат на располагање во обид да го спречи избувнувањето на руско-украинската војна.

„Искористив сè што имав на располагање за да се обидам да спречам да се случи оваа ситуација“, изјави Меркел за германскиот весник Цајт, пренесе ТАСС.

 

Таа додаде дека дипломатијата е неопходна и дека е „многу загрижена“ за Украина.