Демократски сојуз бара оставка на членовите на Републичкиот судски совет


Фото: Б. Грданоски

Демократскиот сојуз бара членовите на Републичкиот судски совет да поднесат оставки поради случувањата во Советот, но пред сѐ поради некредибилниот судски систем, недовербата на граѓаните во судиите, како и намерното застарување на голем број тешки судски предмети, сомнежите за корупција од големи размери и целосната парализа на владеењето на правото и правниот систем.

„По констатирањето на оставките да започне постапка за избор на нови членови на Републичкиот судски совет“, велат од Демократски сојуз.

Демократскиот сојуз инсистира и на ревизија на работата на сите судии, како и укинување на Уставниот амандман (Амандман XXVII) со кој судиите се изземаат од кривична одговорност при донесување судски одлуки и преиспитување на трајниот мандат на судиите.

„Со оставките ќе се направи мал чекор кон започнување на неопходните коренити реформи во судството, но и во правосудниот систем во целина“, додаваат оттаму.