ЕУ има вишок вакцини за Ковид-19, „Фајзер“ нуди да ги плати половината


„Фајзер“ и „Бионтек“ ѝ предложија на Европската унија, која има вишок вакцини против Ковид-19, земјите-членки да платат половина од цената, или околу 10 евра, за секоја од околу 70 милиони откажани дози, објави денеска Фајненшл тајмс.

Ројтерс во јануари објави дека се водат разговори меѓу ЕУ и двата производители на лекови со цел да се намали бројот на дози на вакцината што Брисел се обврза да ја купи оваа година до 500 милиони дози во замена за повисока цена.

ЕУ планира нова регулатива на фармацевтската индустрија
Овој потег доаѓа откако ЕУ планира да ги промени законите што ја регулираат фармацевтската индустрија вредна 148 милијарди долари со надеж дека ќе ги оживее инвестициите и ќе го зголеми пристапот до достапни лекови, во време кога здравствените буџети се исцрпени поради трошоците за лекување на Ковид-19.

„Фајзер“ одби да го коментира извештајот на FT, но рече дека дискусиите се водат „со добра волја од сите страни“, додека партнерот „Бионтек“ и Европската агенција за лекови (EMA) не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар.