30 април во историјата – Адолф Хитлер изврши самоубиство во подземниот бункер


  На 30 април 1945 година, заробен во бункер под неговото штаб во Берлин, Адолф Хитлер изврши самоубиство со голтање капсула со цијанид и пукајќи си во главата. Набргу потоа, Германија безусловно им се предаде на сојузничките сили, ставајќи крај на соништата на Хитлер за „1.000-годишен“ Рајх. Најмалку од 1943 година, стануваше сè појасно дека […]

Деветмина загинати поради истекување гас во фабрика во Индија


Девет лица загинаа, а 11 се хоспитализирани по истекување на гас во фабрика во градот Лудијана во северната индиска држава Пенџаб, објави денеска државната новинска агенција АНИ. Агенцијата наведува дека на местото на несреќата пристигнала екипа на Националните сили за одговор при катастрофи. Полицијата патролира низ градот носејќи маски за лице и ги предупредува жителите […]

Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15.620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените


За помалку од еден месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа […]

Концертот на данската музичка група „Ефтеркланг“ во Крушево


Музичката група „Ефтеркланг“ од данскиот главен град Копенхаген денеска на зајдисонце пред споменикот „Македониум“ во Крушево ќе одржи концерт на кој ќе бидат изведени дела изработени во соработка со „Македониум Бенд“.  Како што најавува организаторот на настанот, Младинскиот културен центар (МКЦ), станува збор за единствен и магичен музички повик за будење на пролетта во едно […]

Ѓоковиќ без вакцина нема да може да игра на УС Опен?


  Примена вакцина против Ковид-19 и понатаму ќе биде услов за влез во Соединетите Американски Држави. Ова е најновото неофицијално соопштение на Американската здравствена комисија. Тоа значи дека доколку не ја откажат оваа мерка, Новак Ѓоковиќ и годинава нема да може да учествува на УС Опен и другите турнири од американската серија. Се очекуваше оваа […]

Зеленски: Носам пиштол и знам да пукам


Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервјуто емитувано денеска за украинската телевизија призна дека носи пиштол и знае како да го користи. „Знам да пукам. Можете ли да замислите (наслов како) „Претседателот на Украина заробен од Русите?“ Тоа е срамота. Верувам дека тоа би било срамота“, изјави Зеленски за украинската телевизија 1+1. Тој додаде дека се […]

Сончево со умерена облачност, попладне поројни дождови


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен […]

Извлечени групите за Мундобаскет 2023


Манила– Со ждрепка денес во престолнината на Филипини, Манила, беа одредени групите за Светското кошаркарско првенство. Мундобаскет 2023 ќе се игра од 25 август – 10 септември во Филипини, Јапонија и Индонезија. Состав на групите: А-група: Ангола, Доминиканска Република, Филипини и Италија. Б-група: Јужен Судан, Србија, Кина и Порторико. Ц-група: САД, Јордан, Грција и Нов […]

Осомничениот за убиство на македонскиот државјанин во Сончев Брег останува во притвор


Софија – Окружниот суд во Бургас денеска му одреди притвор на 14-годишниот М.А., кој е обвинет за убиство на 49-годишен македонски државјанин во Сончев Брег, јави Бугарското национално радио.  Бугарското Јавно обвинителство го товари малолетникот дека делото убиство го сторил со умисла, додека пак според неговиот адвокат, се работи за самоодбрана.  На денешното судско рочиште Обвинителство […]

„Пишуваме и патуваме“ – работилница за проза со Фросина Пармаковска


Писателката Фросина Пармаковска секој вторник, во периодот од втори мај до шести јуни ќе одржува работилници за проза. Првата работилница ќе се одржи во вторник, 2 мај,  во Џебното кино при Младински културен центар (МКЦ), во 16 и 30 часот. Според менторката, часовите за пишување проза „Пишуваме и патуваме“,  се замислени и прилагодени кон сите […]

Вучиќ пушти во употреба автопат изграден од „Бехтел и Енка“


Автопатската делница е дел од Моравскиот коридор кој го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Станува збор за пат која го поврзува западот со истокот на нашиот северен сосед. Членовите на српската Влада со панорамски автобус ја минаа делницата меѓу Појат и Макрешан во должина од 16,8 километри. На отворањето на делницата присуствуваше и американскиот амбасадор […]

Бајден собира повеќе од милијарда долари за својата кампања за реизбор


Вашингтон – Американскиот претседател Џозеф Бајден им се заблагодари на некои од неговите најголеми донатори кога ја започна својата реизбор-кампања и се очекува дека ќе треба да собере над милијарда долари за да обезбеди втор мандат. „Поради вас стојам овде сега. И поради вас, овој пат ќе победиме“, рече Бајден на митингот вчера во хотел […]

Џек Николсон се врати во јавноста: Снимен е на натпреварот на ЛА Лејкерс


Лос Анџелес-  Легендарниот актер и Оскаровец Џек Николсон (86) се појави на натпреварот на неговиот омилен кошаркарски тим Лос Анџелес Лејкерс и го следеше натпреварот од првиот ред. Ова беше прво појавување на Николсон во јавноста од 2021 година, кога тој исто така беше сликан на натпревар покрај синот Реј. Иако неодамна беше фотографиран од […]

Тенисот никогаш повеќе нема да биде ист. АТП воведува голема промена


АТП ТУР најави големи промени кои ќе бидат воведени во организацијата на турнирот од 2025 година. Претседателот на АТП Андреа Гауденци најави дека линиските судии дефинитивно заминуваат во историјата и дека од 2025 година повеќе нема да бидат на ниту еден турнир во календарот на тениската сезона. Системот соколово око, кој им овозможува на тенисерите […]

Почнува садењето на тутунот, производителите очекуваат добра година и повисоки цени


Почнува садењето на тутунот од новата реколта. Засега некои производители од Прилепско-пелагонискиот регион почнаа да садат, а поинтензивно ќе биде во текот на мај. Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија, вели дека годинава со откупувачите е договорено производство од  околу 26 400 тони, што е повеќе од лани и очекуваат добра година. -Некои […]

Драма во САД: Храбар ученик го запрел автобусот полн со патници откако возачот се онесвестил


Ворен– Седмоодделенец во Ворен, Мичиген го спречил својот училишен автобус да излета од патот, откако жената што го возела се онесвестила. Кога Дилон Вилс видел што се случило со возачот, решил да ги преземе работите во свои раце и да ги спаси своите пријатели. Директорот на средното училиште во кое момчето учи го пофали Дилон […]

За прв пат објавени фотографии од американскиот државен врв за време на ликвидацијата на Бин Ладен


Вашингтон- Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ за прв пат објави фотографии на кои поранешниот претседател на САД Барак Обама во друштво на неговиот потпретседател Џозеф Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и неколку советници се фокусираат на специјалната операција во Авганистан за време на која убиен е лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. „Вашингтон пост“ […]

Уапсени две лица за учество во убиството на грчкиот новинар Карајваз


Атина– Грчката полиција вчера уапси две лица за учество во убиството на грчкиот новинар Јоргос Карајваз, кој пред две години беше застрелан пред неговиот дом во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчката полиција станува збор за двајца Грци на возраст од 40 и 48 години, кои се во роднинска врска, а […]

Крунисувањето на кралот Чарлс скапо ќе ја чини Британија- еве колку


Лондон– Како што граѓаните на Обединетото Кралство стануваат сè понемирни со монархијата, кралот Чарлс III и неговиот син Вилијам, принцот од Велс, отидоа над и подалеку за да се обидат да ги уверат членовите на Комонвелтот дека нивната генерација на кралски членови ќе се разликува од оние што дојдоа порано. Направени се напори да се […]

Трет викенд иста слика: Со часови има километарски колони за влез во Грција


Трет продолжен викенд месецов, на граничниот премин „Богородица“ со Грција се чека и повеќе од час за влез кај јужниот сосед. За разлика од минатите два викенди, овојпат долги колони и гужви има и на преминот во Дојран. Најголем број од возилата се со македонски и српски регистрации. Се чека во неколку редици, а поради […]