За прв пат објавени фотографии од американскиот државен врв за време на ликвидацијата на Бин Ладен
Вашингтон- Американскиот дневен весник „Вашингтон пост“ за прв пат објави фотографии на кои поранешниот претседател на САД Барак Обама во друштво на неговиот потпретседател Џозеф Бајден, државната секретарка Хилари Клинтон и неколку советници се фокусираат на специјалната операција во Авганистан за време на која убиен е лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен.

„Вашингтон пост“ ги објави овие досега необјавени фотографии точно 12 години откако Барак Обама одобри специјална, тајна операција во Пакистан во која беше убиен Осама бин Ладен, пренесува лондонски Гардијан.
Фотографиите на Обама, Бајден, Клинтон и клучните воени и цивилни советници верно го пренесуваат значењето на моментот и сведочат за тензијата поради високиот влог во оваа операција.

Саудиецот Осама бин Ладен ја основаше Ал Каеда, терористичката мрежа која ги организираше и изврши нападите на Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, во кои загинаа повеќе од 3.000 луѓе. Америка го нападна Авганистан во потрага по Бин Ладен, но тој избегна апсење речиси 10 години пред конечно да биде лоциран во базата во Аботабад, Пакистан.