Драма во САД: Храбар ученик го запрел автобусот полн со патници откако возачот се онесвестил
Ворен– Седмоодделенец во Ворен, Мичиген го спречил својот училишен автобус да излета од патот, откако жената што го возела се онесвестила.
Директорот на средното училиште во кое момчето учи го пофали Дилон и неговиот потег го нарече многу зрел.
Но, таа не издржала до таа станица бидејќи се онесвестила. Автобусот почнал да скршнува од патот, а Дилон веднаш го фрлил ранецот и истрчал до возачкото седиште.
Момчето го фатило воланот во раце, а потоа успеало да го запре автобусот на сред пат.
На видеото што го објави полицијата, се гледа како Дилон ја презема контролата над воланот, полека ги притиска сопирачките, а потоа им кажува на другите сопатници во возилото да повикаат помош, пишува CNN.