Вучиќ пушти во употреба автопат изграден од „Бехтел и Енка“


Автопатската делница е дел од Моравскиот коридор кој го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“. Станува збор за пат која го поврзува западот со истокот на нашиот северен сосед.

Членовите на српската Влада со панорамски автобус ја минаа делницата меѓу Појат и Макрешан во должина од 16,8 километри.

На отворањето на делницата присуствуваше и американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.

„Овој пат ги поврзува западниот и источниот дел на Србија, затоа е важен. Она што порано траеше 5-6 часа патување, сега ќе трае 2,5 часа. Половина милион луѓе живеат на овој коридор, но многу повеќе луѓе во суштина ќе бидат поврзани со него“, рече тој.

„Овој автопат е најширок, поширок е за 1,60 метри од другите и ќе биде широк 30 метри, дигитализиран е, насекаде има столбови за 4G и ќе биде за 5G мрежата кога ќе биде достапна“ – рече претседателот Вучиќ.

Вучиќ, денеска изјави дека никој не гради толку патишта како Србија. Се градат или се во фаза на проектирање вкупно 16 автопати. Возејќи се со автобус на делот од Моравскиот коридор од Појат до Макрешан, Вучиќ рече дека во моментов се градат девет патишта.

„Наскоро ќе се потпише договор за обиколницата околу Крагуевац и за северната тангента која ќе оди од Бачки Брег до Кикинда и Наков. Потоа ќе има 11 автопати кои ги градиме. Никој во Европа не гради толку, ниту во споредба со големината на земјата“, нагласи Вучиќ.

Како што рече, потоа на ред ќе бидат патиштата кон Котроман, Вишеград, Коридорот Шумадија на Караѓорѓе, од Младеновац и Лазаревац до Аранѓеловац преку Топола до Рача, а потоа до Бор. Тој додаде дека втората работа е што луѓето се навикнале и дека мислат дека тоа е нормално и вообичаено, сега се се зема здраво за готово и изјави дека тоа е мал политички проблем, бидејќи луѓето брзо се навикнуваат на добри работи.