Велешанец тешко повреден во сообраќајка во Скопје


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Вчера во 11:20 часот на ул.„1“ во с.Ржаничино, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(36) од Велес, излетало од коловозот.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.Л. кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.